Почетна Вести СДСМ ги прозива Стојановски и Димитриевски за случувањата во Домот за стари...

СДСМ ги прозива Стојановски и Димитриевски за случувањата во Домот за стари лица

Во врска со случувањата во ЈП Дом за стари лица „Зафир Сајто“, до граѓаните на Куманово и до ПЛОШТАД Редакција, се обрати ОО СДСМ Куманово. Нивното обраќање го пренесуваме во целост

Почитувани сограѓани,

Покрај бројните скандали за кои секојдневно слушаме во речиси сите јавни претпријатија и установи во Општина Куманово под раководство на кадри на ЗНАМ, на површина излегуваат сериозни информации и за случувањата во ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“.

Јавно го прашуваме директорот Дејан Стојановски:

Luxury Catering Service
  • Дали е вистина дека 70% од вработените во установата се пожалиле на мобинг од ваша страна, поради што била организирана и средба во просториите на ЗНАМ во Куманово?
  • Дали е точно дека на таа средба, токму претседателот на ЗНАМ Куманово бил „стручното лице“ кое утврдувало дали постои мобинг?
  • Дали се вистинити информациите објавени во медиумите дека сте извршиле плаќање за набавка на мебел кој никогаш не бил испорачан во установата?
  • Постои ли финансиска поврзаност меѓу вас и претседателот на ЗНАМ Куманово во однос на оваа набавка?
  • И конечно, дали вие или лица блиски до вас сте стекнале финансиска или материјална корист од незаконски платениот тендер?

Воедно, јавно го прашуваме и градоначалникот Максим Димитриевски:

  • Дали сте запознаен со состојбите во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ и што конкретно преземате за заштита на вработените и корисниците на оваа установа?
  • До кога кадровските решенија на ЗНАМ ќе бидат синоним за скандали, злоупотреби и сомнежи за криминал?

Очекуваме одговори, транспарентност и одговорност!

OO СДСМ КУМАНОВО