Почетна Вести Поклонение кон Тебе, хероју Јован Костадинов!

Поклонение кон Тебе, хероју Јован Костадинов!

Измисли современ херој каков што долго се обидувавме да измислиме!

Нацрта возможен херој во секое наше срце!

Го пробуди заспаниот глас на совеста! На колективната свест и разумот.

Luxury Catering Service

Стана тоа „денес“ и „утре“!

Тоа долгочеканото „надеж и верба“!

Тоа „зракот во темнината“! А, во темнина најјасно се гледа снопот светлина која доаѓа да осветли.

Го покажа правецот кон патот за кој мислевме е недогледливо затрупан.

И ние сите ти го видовме ликот кој Ти смело го покри кога спасуваше, за да биде отскриен во вистинска смисла…

Преку Твоето човекољубие се покажа неуништивоста и моќта на љубовта.

Не си мит, не си дел од митологија, Ти си реалност и реален млад човек со божествено потекло, обдарен и вдахновен со грижа кон ближниот, каква што имаат само семоќните – кон немоќните.

Зборот „херој“ од именка го направи глагол, нов вид глагол со неограничено дејство, кој од минатото свршено време ќе трае во целата иднина.

Иднина, за која ни донесе слика со благородни квалитети, во која сакаме да живеат нашите деца и децата на нашите деца и нивните деца…и сите наши идни потомци! Како и Ти – наше мило чедо!

За Тебе светот зборува, ние те имаме!

Во Тебе Диоген го најде човекот кој го бараше среде бел ден со фенер меѓу луѓето.

Жив херој е нешто што мора да живее! И да заживее во секој од нас, млад хероју!

Насекаде.

Ти си оној кој секогаш ќе потрае „пет минути“ повеќе од другите.

Затоа што: секој херој е херој во сопствената, а Ти стана херој во нашата, тажна, приказна.

А, неа, Ти ја направи – голема! А, нас – горди!

Поклонение кон Тебе, хероју Јован Костадинов!

Р.П.