Ана Љубиќ, уживателка на убав збор. Ткае стихови кои душа топлат, ги буди заспаните делчиња во човекот. Вели дека материјалните работи ги снемува, а зборот вечно одекнува.
Студентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, на Катедрата по македонска книжевност и култура. Моментално работи како медицинска сестра и посакува луѓето да горат од љубов, а не од температура.
Ги следи своите соништа, создава свој свет, остава трага преку своите дела.
– За некој сме мали, а за некој големи, важно е ти себе си како се гледаш, вели младата поетеса од Куманово.
А
– Моето име Ана, нов почеток, амајлија, амбиција.
Б
– Баба ми, баница од вредните раце на баба ми, бакнеж, близнак – хороскопски знак.
В
– Вино, а во виното е вистината. „Вејка на ветрот” од Коле Чашуле, а јас ја играв Магда, време за себе.
Г
– Горан, татко ми. Големина во душа, „Големата вода” од Живко Чинго, гушкање.
Д
– Кога ја љубев Дениција…од мојот омилен македонски автор. Дом – кој зрачи со топлина. Детство најубавиот период од животот. Дете кое во мене живее.
Ѓ
– Ѓорѓе Балашевиќ д- мол, ѓердан.
Е
– Единствен, елеганција.
Ж
– Живожарица, жена, желба.
З
– Здравје да си имате! Зајдисонце, заробени во технологијата. Зграби ги убавините!
Ѕ
– Ѕвезди на небото.
И
– Истрајност, историја, илузија, излет.
Ј
– Јазик, јагода, јас, јуни мојот месец
К
– Креативност, култура, книга
Л
– „Ловец на соништа” мојата прва книга, лале омиленото цвеќе.
Љ
– Љубиќ, моето презиме. Љубов искрена и чиста. Љубезност која е ретка.
М
– Мајка ми, единствена вистина. Македонија.
Н
– Надеж, непребол, „Наш свет”списание од тинејџерството.
Њ
– ДиЊа, њам, коЊ, њега, њума кумановац ќе разбере.
О
– Огин во душа, очи кои ја кријат вистината, Охрид нашиот бисер.
П
– Поезија и проза, поддршка, почит, „И пад је лет” мојата трета книга
Р
– Радосница, росица, ситна роса, родители, разбирање, работа, ракија – лек за сѐ.
С
– Сон, Соња моето сонце, среќа, соживот, слобода
Т
– Татко, тајна, ткаење желби, тивка ноќ, точка, некогаш и три точки, тага…
Ќ
– Ќофте, ќумур, ќутек по кумановски
У
– Учителка, училница, училиште, убавина.
Ф
– Фотографија, фамилија.
Х
– Храброст, харизма.
Ц
– Цвет за сите на овој свет.
Ч
– Чест, чорапи, чизми, човек меѓу толпа луѓе (реткост). Мачорот во чизми.
Џ
– Џивџи лик од цртан филм, џинка – за јадење, а и кога некој е лут.
Ш
– Шопинг, омиленото хоби и шпагети со болоњезе сос. „Што ми остана од тебе” мојата втора книга. Високи штикли.