Претседателот на ОО СДСМ Куманово Дарко Ристовски, го поздрави изборот на Венко Филипче за претседател на партијата и најави победнички кандидати од нивните редови.
Почитувани граѓани, почитувани кумановки и кумановци, Социјалдемократскиот сојуз на голема врата се враќа во Куманово.
На вчерашните внатрепартиски избори Венко Филипче освои 655 гласа, тројно повеќе од претходните избори. На централно ниво претседателот освои 18000 гласови, односно двојно повеќе од претходните избори во СДСМ. Тоа говори дека СДСМ ја враќа довербата на членството и покажува дека новото раководство ја носи партијата на победничките патеки.
Благодарен сум на секој член кој го даде својот глас за Венко Филипче, а со тоа даде огромна поддршка на новото раководство на Општинската огранизација на СДСМ Куманово.
Како претседател, заедно со мојот тим ќе го предводам СДСМ во нови победи и успеси.
Граѓаните многу бргу ја разобличија и сфатија измамата на коалицијата ДПМНЕ ЗНАМ и цврство верувам дека на претстојните локални избори кумановци ќе го дадат својот глас за кандидатот од редовите на Социјалдемократскиот сојуз.
СДСМ е повторно силна и обединета, а само со силна и обединета СДСМ Македонија може да оди напред.