„Исхраната, а не храната во нашите семејства, зависи од нас жените. Ние готвиме, ние оценуваме што и како ќе се јаде и треба да ја преземеме таа одговорност“!
Ова можеби е најважниот женски совет кој го слушнавме на неодамнешната презентација на „Хербалајф“ во Куманово, покрај бројните важни совети од госпоѓата Светлана Влајковиќ од Крагуевац, која дојде како главна гостинка на кумановскиот дистрибутер Драгиша Трајановиќ Драшко.
– Имам 58 година и знам дека не изгледам така. Кога тргнав во приказната „Хербалајф“, имав триесеттина години. Пред тоа, се омажив млада и до 25-тата година родив три деца. Во 1991 година си заминав од Скопје, каде живеевме. Кај нас поминаа многу кризи, бомбардирања, ембарга, кои за среќа Македонија ја заобиколија. Додека направивме своја семејна куќа, се селевме 14 пати. Но, денес кога ќе ги погледнам фотографиите од тој период самата си велам „Жено, како можеше?“. Но, беше тешко да зачуваш здрав разум, да излезеш од стравот и да не покажуваш пред децата како се чувствуваш и поради тој прикриен емотивен дел, во 2000- та година бев во голем здравствен проблем. Веќе во 2002, поминаа четири години откако не смеев да излезам од дома и имав напади на гушења. „Навикни се така да живееш до крај на животот“, ми рече докторот на мои 36 години, со малолетни деца. Почнав со психотерапијата и малку бев подобро. Но, оној другиот физиолошкиот дел ми беше многу лош – јас се „лекував“ со храна, јадев прекумерно! Немав енергија и влегов во маѓепсан круг од кој немаше излез. Потоа тргнував во диети, од кои некогаш успевав да ослабнам малку, но пак се враќав назад. Но, чувството на болест кое ме следеше, сфатив дека не е добро за мене. „Животот нема реприза!“ и „Каков сум јас пример за своите деца?“, размислував. Тоа беа некои работи за кои бев свесна и променив сѐ со влегувањето во „Хербалајф“…
Ова е животната приказна на оваа инспиративна дама од која е задоволство да се впиваат совети, како сунѓер.
Со свое искуство се надоврза и домаќинот, познатиот кумановец Драшко.
– Шест литра кока – кола на ден, нон – стоп по кафани и се сторив речиси 150 килограми. За мене беше „скара, вилушка и нешто да мучкам“, а на оние од теретана сѐ нешто им се потсмевав. Кога добив здравствен проблем, докторот ми кажа дека доколку не ослабнам, проблемот со кичмата ќе ми стане сериозен. Значи, буквално немаше диета која не ја пробав, немаше диета со која не ослабнав и немаше диета после која не ги вратив килограмите. Бев во еден ќорсокак. Случајно отидов во Скопје кај човек кој ми должеше пари и немајќи да ми ги врати ми даде „Хербалајф“. Тогаш бев лут и нервозен, а пред некој ден си велам „Господ здравје да му даде, каде и да е!“. Затоа што, јас одговорно тврдам дека не знам дали би бил жив, но знам дека прашање е дали би можел сега да се движам, или сигурно со тешкотии и би било катастрофа. На десет години од матура бев најголем, со 150 килограми. Пред две години на 35 години од матура класната ме прашува „Што се случува со тебе? Сите се промениле на полошо, Ти на подобро.“ Утре ќе седнеме во „Зафир“, ќе ти објаснам, ѝ реков. И тоа е тоа …
***
Откако ги слушнавме овие две навистина мотивирачки животни примери и уште неколку други од присутните, „Плоштад“ доби и драгоцени одговори на дополнителни прашања од госпоѓата Влајковиќ, со цел некому да му се олесни патот до поздраво тело. А можеби, секој треба да тргне прво од себе, без чекање.
Со програмата „Хербалајф“, која постои 45 години, луѓето се прилично запознаени, а, за нешто што постои долго и сѐ уште е масовно посетувано, веројатно има некоја загонетка, не би рекла тајна, можеби повеќе успех или резултат!
– Еве, вие сега самата си одговоривте на крај. Исклучиво резултат, но исклучиво резултат на корисниците кои ги користат, а не кои само ќе ги купат производите. Јас, и луѓето од „Хербалајф“ работиме на тоа луѓето да сфатат што е исхрана, а не само да ослабат до свадба, до роденден, до одење на море или така нешто. Знам многу девојки кои се на диета па потоа паѓаат во несвест, не им е добро. Кај нас не е поентата само слабеење, ние овде зборуваме за начин на живот во смисла на добра енергија, чувство, здравје и корисни работи, а слабеењето си доаѓа само по себе.
На кој начин функционира програмата што ја нудите?
– Во денешно време очекуваме максимум од своето тело, а му се дава минимум. „Хербалајф“ е наједноставно решение, ние го нарекуваме интелегентен начин на брза храна. Ова е концепт во кој се исхранува ќелијата и со кој се постигнува баланс во организмот од витамини и минерали, кај жените и хормонски баланс ако биле во дисбаланс. Во ова брзо време, каде сите некаде брзаат и се тркаат со времето и кога сѐ имаат запишано во својот планер, за жал немаат план за оброци. Тие ќе турат гориво во автомобилот за да автомобилот се движи, но не туриваат потребно „гориво“ во своето тело, за да телото би издржало. Ова е едноставно, така е осмислено и склопено, што лесно се применува и во домашни услови и кога сте на пат и кога сте на работа.
Како да сме сигурни дека е навистина е здраво?
– Дали некогаш кога сте биле во маркет и сте прочитале на одреден штанд „Здрава храна“? И сте се запрашале – ако ова е означено како „здраво“, значи сево друго е нездраво? Јас и ден денес не го знам составот на шејкот што го пиеме. Прочитајте од кутијата и слободно одете на доктор и прашајте која од ова состојка мене може да ми пречи? Тие се на база на дехидрирана билка од која е извлечена водата, и е исто како да јадете патлиџан, краставица, магдонос и сите билки кои ни се потребни со витамини и минерали. Сте забележале кога ќе се прејадете колку немате енергија и дека ви се спие и сѐ уште имате чувство за глад… Затоа што ќелијата има недостаток од некои нутритиенти, витамини, минерали, омега, масни киселини, било што.
Многу луѓе почнале, но многумина и се откажале. Зошто, каде е пресвртниот момент?
– Затоа што за грижа за телото се размислува плитко и краткорочно. Како што напоменав, колку „да влезам во фустанот за матура, за роденден, за свадба, а потоа не ме интересира“. Кога јас ќе ги прашам луѓето „Дали ви одговараше? – Да!“ ,„Дали добро се чувствувате? – Да!“, „Тогаш, зошто не сакате повеќе? – Не знам?“. На ова прашање никогаш не сум добила било каков одговор или барем некој логичен одговор кој има смисла. Само махинално „не знам“, или и најчесто „немам пари“, а знаете дека парите не се проблем. Јас најмногу работам со жените, веројатно тие и полесно се отвораат, но жените имаат и повеќе проблем со тежината. Мене, токму во „Хербалајф“, „работата на себе“ ми е она најважното што ме привлекува, затоа што чистење на телото без чистење на умот не е комплетен процес.
Која е главната пречка кај жените?
– Кај жените, тука да речеме има психолошки моменти, и тие „социјални игри“ кои ги играат луѓето во општеството. Само еден пример ќе ви дадам, младите девојки кои се предебели не се свесни дека така добиваат внимание, но им годи. Негативно внимание, но го добиваат, како што загриженоста на нивните родители за нив. Консумираат премногу храна на несвесно ниво, се дебелат и влегуваат во програма за да ослабат…Но, кога ќе видат дека им тргнало на подобро, тогаш кај нив се јавува страв од губење на „социјалната игра“ со родителите, затоа што ако е целосно добро како понатаму ќе слушне „Сине како си, дали ти е добро, што сакаш?“. Или на пример, со жените кои се во брак, кои се болни, на кои мажот ќе им рече „Ќе ти купам сѐ, само ослаби“ и тоа е еден вид на внимание. Кога жената би го решила тој свој проблем, таа ќе остане без внимание и неа несвесно не ѝ оди во прилог да се откаже од сето тоа. Значи, начинот на размислување, психолошко – емотивен момент и сѐ што правиме против себе, е потполно несвесно. Имате луѓе кои се латентни „самоубијци“ токму со храна и алкохол или со сокови.
Како Вие истрајувате да сте верна на својот концепт?
– Ние можеме да бираме што ќе јадеме, но не можеме да бираме дали ќе јадеме, затоа што мораме да јадеме за да живееме. Паметен човек лесно ќе го засака она што за него е добро. Имате луѓе кои се пушачи 20-30 години, тоа нив им е нормално. Но дали навистина е нормално? Не е. Имате луѓе кои се прејадуваат со години. Јадат виршли цел живот. Дали е тоа нормално? Не е. Дали им е нив нормално? Да. Епа, ова ми е мене нормално за да се чувствувам одлично. Јас имам љубов кон својот живот. И едноставно се определив за тоа. Дали знаеме само колку болести предизвикува храната, а и колку болести храната лекува? Лековите само ја одржуваат таа некоја состојба на нормалност, а со храната поставува трајна состојба на здравје.
Каде се подисциплинирани консументите во Србија или во Македонија?
– Нема разлика. Луѓето се луѓе секаде. Секаде е исто и тоа не само Србија и Македонија.
А жените или мажите?
– Мажите се подисциплинирани, затоа што тие многу не го комплицираат животот, ние жените сме комплицирани. Тие се едноставни.
Задоволна ли сте како помина Вашето излагање во Куманово?
– Исклучително. Затоа што ги видов лицата на жените кои гледаа и слушаа и видов климање со главите. Јас раскажував работи од мојот живот за да ги освестиме и оние на кои тоа им треба. Сите знаеме како треба, но кога некој тоа ќе го изговари, вие „оп!“, познавате дека тоа го живеете, дека така правите, дека тоа ви се случува и се освестување.
Што ќе препорачате како една порака за здрава храна, меѓутоа со трајни навики.
– Вие знаете дека ние од животните се разликуваме по размислувањето, по свесноста и по говорот. Меѓутоа, она што многу користиме е тоа – многу да зборуваме, а малку да размислуваме. Ние мислиме дека мислиме, но многу малку размислуваме и многу малку го освестуваме начинот на својот живот. Јас би му препорачала секому да си го освести својот живот, а исхраната е клучен фактор. Затоа што, може да се вежба, може да се чита, може да завршите факултет, може да бидете лекар, чистач, било што, но низ сето тоа во животот ние се храниме. И, пред малку реков, храната воопшто не е прашање за слабеење, храната е прашање на свесност, љубовта кон себе, каков живот сакаме да живееме и како можеме да си помогнеме себе си. Тука е и „Хербалајф“. Можеби „Хербалајф“ не е единствен, но е наједноставен и потполно заокружен концепт да направи, на луѓето во овие брзаници, да им биде едноставно. Јас сум воспитувачка по образование, но 22 години „Хербалајф“ е апсолутно мое определување. И низ мојата промена влијаам прво на моето семејство, па на пошироката околина, па потоа на сите луѓе околу себе. Исто така, со години мака мачев со синот кој имаше астма, поради него исфрлив завеси, теписи, купив машина да извлекуваме грињи од душекот на кој тој спиеше. Не знам што сѐ не пробав и кога почнав да му давам шејкови, тој веќе еден месец потоа немаше напади.
Речиси сите се согласни она што херба (билките) е во основа, е многу поздраво, отколку јадење разни видови на месо, јадења торти со многу шеќери со посложени подготовки. Колку поедноставна храна и поврзана со природата – толку поедноставна и за човечкиот организам.
– Направен е еден многу убав експеримент со деца до една година, кои сѐ уште не одат, туку ползат. Ги ставаат во една просторија на широки чаршави по под, и околу нив ставаат различна храна – сокови, чоколади, банани, праски и јаболки… Ставаат и пржени компири, торти и ги пуштат децата да ползат. Децата ползејќи оделе кај овошјето и зеленчукот, ниедно не отишло кај колачите. Затоа што кај нив сѐ уште работи природниот инстинкт кој им покажува каде е она што е добро за нив. Ние подоцна учиме глупости, кога почнува да се врши влијание и почнуваа сите игри на продажби и заработка…
Валентина Ѓоргиевска Парго