Почитувани граѓани на Куманово,
Ми претставува особена чест и задоволство што денес можам официјално да соопштам дека десетте илјади потписи кои беа потребни за официјализирање на кандидатурата на нашиот кандидат за претседател за учество на претстојните претседателски избори, се собрани.
Вашата доверба, поддршка и решителност со која застанавте зад кандидатот за претседател на Македонија од редовите на Движење ЗНАМ – За наша Македонија – г-дин Максим Димитриевски, всушност не задолжува и мотивира да продолжиме понатаму со уште поголем интензитет.
На барање на граѓаните, бидејќи интересот за давањето на поддршката е многу голем, списоците ќе останат во општинските канцеларии на ДИК, а потпишувањето ќе продолжи и во наредните денови.
Инаку, сакам да го произнесам ставот на ЗНАМ по однос на предлозите од партиите на Албанците Претседателот на Македонија да се бира во Собрание.
Ова е уште една во низа обид, во предизборието да се соберат ефтини политички поени на моноетнички политички субјекти.
Ова според ЗНАМ е целосно неприфатливо, затоа што институцијата Претседател на држава, всушност својата сила ја црпи од непосредниот избор на граѓаните.
Ценети кумановки и кумановци, ја користам оваа прилика да Ви заблагодарам од се срце, во име на целото Движење ЗНАМ затоа што сте со нас, во овие круцијални моменти, сплотени за наша Македонија!
Продолжуваме понатаму до конечна победа на избори!
Живо е Куманово, жива е Македонија!
Движење ЗНАМ – За наша Македонија