Почетна ГОСТИНСКА СОБА Фитнес е чувар на вашето здравје, а изгледот е само награда!

Фитнес е чувар на вашето здравје, а изгледот е само награда!

Оливера Свилар, фитнес инструктор, разбива га мит за кумановке: тој су жене кои имав време и да су убави и успешни на работу и чорбу да направив. Како? Па, дава им силу вежбање, редовно, посветено и пажљиво комбинирано од стручни људи.

1. Што ве инспирираше да станете фитнес инструктор?

Уште како дете се занимавам со спорт. На фитнесот сум целосно посветена повеќе од 10 години, а исто толку време тренирам и кик-бокс. Инспирација да започнам со фитнес за жени добив од сé почестото незадоволство на жените од физичкиот изглед, проблемите со здравјето, за жал, позачестената појава на авто-имуните болести, особено кај женската популација, која ако не е физички активна, резултира со вишок на килограми, како и проблеми со висок крвен притисок, покачен шеќер во крвта, намалена самоувереност, депресија. А, сметам и дека нема машки или женски спорт и дека жените може да бидат рамо до рамо со мажите во сите спортови, па така и во фитнесот и боди-билдингот. Сето ова придонесе да се афирмирам како фитнес инструктор. Во текот на овие години се стекнав со големо искуство и соодветно високо образование за да станам лиценциран фитнес тренер.

2. Кои се некои вообичаени заблуди за фитнесот на жените со кои се среќавате и како ги решавате за да имате поуспешни тренинзи?

Luxury Catering Service

Навистина, има повеќе стереотипи, како на пример дека жените не треба да вежбаат со тегови (ќе изгледале како машки), дека е подобро да се исцрпуваат со ригорозни диети одошто да се потрудат со тренинзи да ја постигнат посакуваната цел, дека се престари за да почнат со вежбање, дека треба да ја вежбааат само глутеалната регија и стомакот, а останатото дека е неважно. Но, сето ова потонува како брод по некој месец тренирање кај мене и неприкосновено е остварување на посакуваните резултати.

3. Можете ли да споделите некои клучни принципи или пристапи што ги нагласувате на вашите тренинг сесии за да им помогнете на жените да ги постигнат своите фитнес цели?

Кај мене нема вежба што не може да се изведе, за секоја изведба си постои соодветна модификација прилагодена на жената, нејзината подготвеност, претходна повреда или на годините, така што тие не се чувствуваат дека не припаѓаат тука, туку напротив – ги мотивирам дека ако нешто сакаш и си упорен, на крај секогаш го добиваш. Јас, смеејќи се им кажувам: „Ако некоја моја зададена вежба ви е многу лесна, тогаш викајте ме да ве исправам бидејќи сигурно не ја правите правилно“. Покрај напорните тренинзи, им давам и совети за здрава и избалансирана исхрана, а исто така правам и индивидуални програми за вежбање и за исхрана за оние кои се заинтересирани за тоа.

4. Како ги приспособувате вашите тренинзи низ различни нивоа на фитнес програма и индивидуалните потреби на премногу зафатените жени-домаќинки?

Веднаш ќе ве исправам дека „зафатени жени-домаќинки“не постојат. Жените денеска се повеќе работи во едно, одржуваат бизнис кариера, се грижат за децата, готват, чистат, одат во козметички салони, излегуваат со другарките, за сé треба и може да се има време. Јас имам повеќе групни термини и може да си изберат оној што им одговара, а исто така може и да комбинираат во неколку термини, така што тоа се само изговори дека „немаат време“. Програмата на „Wild Sviki Fitness“ е флексибилна и прилагодена за сите нивоа на спремност на членовите. Што се однесува до индивидуалните тренинзи, најголемо задоволство ми е работа со клиенти со ‘рбетни деформитети, како што се сколиоза, кифоза, лордоза и помагање да им се подобри моменталната состојба, но не се исклучени и индивидуални кик-бокс тренинзи, како и програми за намалување на вишок килограми или качување на мускулната маса.

5. Според Вашето искуство,кои се некои од најголемите предизвици со кои се соочуваат жените кога се обидуваат да одржат конзистентна фитнес рутина и како ги поддржувате да ги надминат овие пречки?

Им кажувам дека ништо не бидува преку ноќ. Ако се упорни и константни, резултатите се неизоставни. Ништо не се добива без труд и посветеност, а мојата задача е да им овозможам секогаш различна и интересна програма на тренинг бидејќи и јас лично мразам монотонија, а и мускулите се заситуваат со едни исти вежби постојано.

6. Колку кумановките се грижат за своето тело?

Кога го започнав Wild Sviki Fitness бев малку скептик бидејќи беше период на Ковид 19, многу жени сакаа да дојдат, ама беа исплашени што беше разбирливо. Но, сепак грижата за својот изглед и здравјето победи и уште во тој период имаше голема заинтересираност за нешто ново како што е фитнес програма со тренер кој те едуцира и исправа во теретана која е само за жени. Денеска таа бројка на жени е многу поголема, отворив повеќе групи, сменивме локација на теретаната која е во стог центар на градот, имам асистенти кои ми помагаат и држат тренинзи по моја програма. И нормално, кумановките се задоволни и секој ден сé подобро изгледаат и зрачат со самодоверба, ги оставаат гостите дома со сопругот, а тие доаѓаат на тренинг бидејќи не им се испушта ни еден ден, бидејќи секој тренинг е посебен и носи нови резултати, задоволствa и меѓусебни дружења.

Р.П.