Почетна МОЈАТА АЗБУКА МОЈАТА АЗБУКА со Драган Ивановски – Шани

МОЈАТА АЗБУКА со Драган Ивановски – Шани

Се обидел да работи и друго во животот, но актерот во него го прогонува како сенка на Балканот. Тој, едноставно, мора да пишува, да смислува скечеви, да уредува емисии, да преговара, да се бори за правата на локалните медиуми, да биде гласот на народот и да не очекува ништо за возврат. Помогна на многу наши сограѓани за време на Корона кризата, добитник е и на Ноемвриската награда. Кога Меркур е во неговиот знак Бик, не може да заспие од наплив на идеи. Нема љутиш Драгане Ивановски – Шани! 

А

Авта на деца на Авганистанци и Ирачани по Куманово. Најчесто су паркирани на кал’ч.

Б

Браво. Сви сакамо да га чуемо. Само куде нас може да е двосмислено и да се користи и за негативан коментар. Епа Браво, много убаво си направија.

Luxury Catering Service

В

Власт. Много е слатка.

Г

Година. Мерка за време. К’д гу ставиш у множину и биднев године, сфаќаш дека прошле 33, а ми стоимо у место и нигде не мрднасмо. С’га виде дека овија две бројке ме потсеќав и на едни иницијали како потврда за све претходно кажано.

Д

Док се лупамо у грудима нашима.

Ѓ

Ѓубре. У свакакву смислу. Имамо га за извоз.

Е

С’га знаемо дека ни требав Евра за Европу, а не Европа за евро. Е, па тој ни е…

И

Идиоти. Има ги свугде около нас. Чукав руке к’д не треба, а не работив к’д треба.

Ј

Јадни смо. Изедесмо се меѓу себе.

К

Ед’н Комита, ед’н војвода и два Кодоша.

Л

Л’жови. Има ги повише од идиоти. Много често су и на функцие.

Љ

Љубазност. Дело за кое не се очекуе ништо за узврат.

М

Милина. Док седиш и пиеш пиво гледајќе у Море. У наше Море у Грчку. И само т’га помислиш дека и не е све толко лошо, мајку му…

Н

НЕ кажаја само Тито. Овија д’н’шњи имав маану. Не умев да кажев НЕ. Они викав „Зашто па да НЕ“

Нема љутиш.

Њ

Њ жвакала жвакаќу, па направила балон. Стварно ништо не ми текнуе на Њ.

О

Образ. Едино нешто што не се мие ако се искаља. Ни сабајле с’с сапун.

П

Педер си д’нска ако нејќеш да идеш с’с другари у кафану. Или отидеш и пиеш сок. Или отидеш и жену гу поведеш.

Р

Р’кољ на сељака залепен на плоштад. Наш автентичан споменик на Демократију.

С

Странство. Едини излаз од овуј кризу.

Т

Моја ТВ Плус.

У

Услуга. Удвара. Ужива. Куде нас свак на свакога се Удвара за некакву Услугу за после да Ужива.

Ф

Фотоволтаични панели у њиве по целу државу и никој не знае чиви су. Ама ќе се дознае…

Х

Хумор. Наш, кумановски.

Ц

Цифра. Куде нас све има цену што значи Цифрамо се.

Џ

Џиџи миџи. Као никој не знае што е, а правив ни га с’с године.

Ш

Шамар. У време к’д овај мерка беше васпитно-поправна, не знаесмо дека има хиперактивни деца.