Почетна КУПУВАЈТЕ СО НАС КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

КУПУВАЈТЕ СО НАС
Книжарница „Букси“

Будење на свеста – Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ

Се наоѓаме во време на будење! Само што започна пролетта, календарски е веќе тука, но она будење за кое сакам да ви кажам е всушност она внатрешното, во нас. Живееме во време кога луѓето сé повеќе се свесни за она што ги опкружува, за она што се случува и на она што можат да влијаат. Но, исто така, соочени со голем број предизвици, започнуваме да го бараме коренот, наместо она краткото маскирање и привремено решавање на последиците.

Токму тоа длабинско барање на причините се нарекува „Будење на свеста“!

Пред нас е прекрасна книга која ни објаснува како да ја поттикнеме личната и духовна преобразба, како да се ослободиме од товарот што го носиме во себе, како да станеме свесни за своите програми и уверувања што ги носиме и да работиме на нивното ослободување и менување.

Luxury Catering Service

А, за да ја започнеме вистинската промена – потребно е да се вратиме наназад, кон многуте закони, кои постојат уште од дамнешни времиња, докажани, универзални, но замислете, сеуште недоволно објаснети, достапни, обработени и сфатени.

Во оваа моќна книга ќе дознаеме за Универзалните закони како што се Законот на привлечноста, Законот на вибрацијата и Законот на причината и последицата. Авторите, Катерина и Радован, до нас ќе ги доближат и темите за спознавање на нашите мисли, емоции, како и нашето енергетско тело.

Кога зборуваат за будење на свеста, всушност, покрај нашата лична свесност, зборуваат и за важноста на колективната свест и влијанието на секоја поединка нанадвор, кон светот.

Но, освен тоа, книгата ни ја покажува и моќта на позитивното размислување, на афирмациите и визуализацијата. Со една реченица – книга која нè поттикнува и подготвува за остварување на нашите цели, бидејќи секоја личност е тука со своја мисија – и доколку ја живееме со целото наше срце – тогаш целиот Свет ќе биде едно поубаво место за живеење.

Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.