Почетна КУПУВАЈТЕ СО НАС КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

КУПУВАЈТЕ СО НАС
Книжарница „Букси“

Книга за оваа недела „Атомски навики“ од Џејмс Клир

Оваа книга е цел еден нов систем за промена на вашите навики, но и за усвојување на нови. Верувам дека сите ние имаме некоја навика што сакаме да ја искорениме, или пак некоја навика која одново и одново ја започнуваме, но никако не остануваме доследни во неа. Авторот низ книгава ни објаснува всушност дека доколку не можеме да ги промениме нашите навики – проблемот не е во нас, туку во системот за промена што го користиме. Низ многу многу ситници и детали ни објаснува како да воведеме само една нова навика. Процесот го расцепкува на етапи и детално го објаснува процесот за да ни стане доволно привлечен за да започнеме, и тоа веднаш! Тој верува во принципот на „пластење“ навики – односно, врзување на нова навика на некоја веќе постоечка активност во нашето секојдневие. Доколку често имаме изговори дека забораваме или не наоѓаме време за некоја промена – тајната е во доследноста и малите чекори. Односно, доколку решаваме да почнеме со вежбање, првото одење во теретана и максималното вложување на нашата сила и капацитет нема да вложи со труд, напротив, ќе резултира со воспалени мускули и одлагање на следниот тренинг. А, секако, нашата цел не е таа. Затоа, мудроста лежи во малите чекори. Секој ден – кратко вежбање, важно е да се појавиме! А, со самото појавување, градиме нови неврони, нови врски во нашиот мозок, кој веќе малку по малку се навикнува на промените. Верувајте во принципот на наградување – кога успешно ќе истуркате еден месец, или одреден рок кој вие ќе си го поставите за новата навика – да се наградите со нешто кое ви причинува задоволство, пропорционално со вредноста на новата усвоена навика, така, новата навика – додека не ви стане природна – ќе биде поткрепена со наградата и задоволството кое следи. Малите навики се само еден чекор кон големата промена на личноста која сакаме да бидеме еден ден.

Самиот писател, почнувајќи од свое лично искуство, раскажува како ја открил магијата на навиките. Искусувајќи голема повреда во младоста, која била животозагрозувачка и носела закана дека никогаш нема да се врати во нормалниот живот, исто така значела и дека никогаш нема да се врати во спортот.

Luxury Catering Service

Но, она што тој го проучува и започнува да го применува е баш ситната и секојдневна промена – за да успее еден ден да се врати повторно назад во спортот.

Неговата формула гласи дека е доволно да бидеме само 1% подобри секој ден, тоа значи дека за една година сме најмалку 37,78% подобри во она во што ќе одлучиме да напредуваме!

Кумулативниот ефект е она што на крајот е најважното!

„Атомски навики“ е првата книга на Џејмс Клир, која за брзо време станува бестселер на Њујорк тајмс, со милионски продадени примероци и преведена на над 40 јазици.

 

Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.