Почетна КУПУВАЈТЕ СО НАС КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

КУПУВАЈТЕ СО НАС
Книжарница „Букси“

„Јади, моли се, вљуби се“ од Елизабет Гилберт

Пред нас е една од највлијателните книги на сите времиња. Книга која ќе направи револуција во секојдневието на многумина, книга која ќе ве натера да си ги преиспитате вашите животни избори и одлуки, но и книга која ќе ве натера да размислите дали животот го живеете со полни гради!

Елизабет Гилберт несебично ја раскажува својата лична приказна, од самиот момент кога ќе ја нападнат чувствата на незадоволство, до моментот кога се наоѓа себеси во сред ноќ како плаче и моли да добие некој знак, да донесе некоја одлука, да доживее промена.

Luxury Catering Service

Следното нешто е – развод!

Од навидум идеалниот партнерски однос, запаѓа во период на тешки судски процеси, поделби, продажби и на крај  – слобода!

Самата книга се движи со таков интензитет, да се почувствувате како навистина да сте таму, со неа, низ сите нејзини искуства.

Но, разводот не е единствената одлука што ја донесува. Имено, Елизабет решава дека е презаситена од западниот начин на живо и дека сака да искуси промена, па така решава да продаде сé и да посвети години на патување.

Првата дестинација е прекрасната, магична Италија, каде повторно го открива уживањето! Каде се вљубува во самиот начин на уживање во животот, каде ги искусува сите гастрономски уживања и каде повторно се вљубува во животот.

Потоа следи Индија, оди уште поисточно, каде започнува да ја преиспитува својата духовност, каде наоѓа мир, спокој и тишина, за да на крај своето патување го заокружи со Бали.

Во Бали доаѓа до целосно заокружување на нејзиното патување, таму конечно наоѓа баланс помеќу телесното уживање и духовноста, помеѓу љубовта кон себе и љубовта кон друга личност.

Книгата е за вас доколку сакате авантури, доколку сакате сензуална, искрена, тажна, среќна, љубовна, не толку љубовна, емотивна, мистична, духовна, моќна приказна.

По самата книга е снимен и истоимениот филм, во кој главната улога ја игра Џулија Робертс.

Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.