Почетна МОЈАТА АЗБУКА МОЈАТА АЗБУКА со Александра Михајловска Величковски

МОЈАТА АЗБУКА со Александра Михајловска Величковски

Таа ја дефинира средината во која што живее. И покрај тоа што е Црвенкапа, не може туку-така да биде прелажана од волкот лош. Сака да патува. Да нурка. Да го љуби В. Да твори. На својата обожувана публика да ѝ биде љубовна терапија. Мајка еднаш раѓа таква глумица: Александра Михајловска Величковски, за вас во овонеделната азбука.

A

Aвион. Превозно средство што га искористисва много мои блиски за да си идев од овдека. И генерално много млади квалитетни људи. Ја још увек га користу само за одмори и кратки путовања. С’г за с’г.

Б

Библиотека. Читате ли нешто?

В

Виктор. Нема што друго да биде на В. 🙂

Luxury Catering Service

Г

Град. Големо населено место кое претставува административен, културен и стопански центар на некоја област.

Па с’г да си размисли свак дали живи у град или не.

Д

Драма. Ама к’д не е на сцену е непотребна.

Ѓ

Ѓубре. Ќе се удавимо у њега, ама никој нема да се заврти позади себе и да га исчисти свое ако веќ нејќе туѓо.

Е

Eжу се од неиживеани коментари и муабети посебно на млади људи кои како да не живив у овј век.

Ж

Живот и журка. Не живурка, него журка другари. Зашто нема да живимо 100 године, а никој не ни гарантира дека ќе живимо поново.

З

Захфалност. И Зоран татко ми. Свите деца треба да имав по еднога Зорана у живот. Ја и брат ми смо заувек захфални.

S

Sвезде. И Star Wars. Колко смо арогантни да мислимо дека смо сами у универзум. И колко смо прости што наместо да га истражуемо небо, истражуемо како можемо масовно да се уништимо како човештво.

И

Идеја е опасна работа ако се реализира.

Ј

Још ли си туја. Овакој ме поздрављаше мој класан увек к’д ќе се сретнесмо у Куманово. Још увек има у мене нешто, можда некакав инат што ме тера још да биду туја.

К

Култура. Една општа основна култура за почетак.

Л

Лопови. Бидна много престижна професија.

Љ

Љубов. Или што би кажаја свети Павле:

Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски,
штом љубов немам, ќе бидам бакар што ѕвони, или кимвал што ѕвечи.
Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни,
да ги имам сите знаења за сите работи,
а и така силна вера што и планини да преместувам –
ако љубов немам, ништо не сум.
И да го раздадам целиот свој имот,
да го предадам телото да ми изгори –
штом љубов немам, ништо не ми користи.

М

Молу ви се да си га користимо наш мозак. Свак свој. За све. И за свугде.

Н

Никад. Не за џабе кажале „никад не викај никад“.

Њ

Њекња. Едн од најтешки зборови у наш дијалект. Па иди ти објасни што све значи њекња.

О

Остров. По можност пуст и приватан. A и „Остров“ на Олдус Хаксли е интересно четиво.

П

Проширени видици. Да се путуе, да се запознавав људи и културе од свугде. И тој од много рано, колко може порано.

Р

Росица. Колко сам се радувала кд ќе искочеше „Росица“. Доваѓа ли још увек „Росица“ у школу, па се зачленуеш за да ти стигне најново списание?

С

Ситуација. Кд сакаш да се извадиш, да се оправдаш и да искочи дека никој за ништо не е крив, само си кажеш: таква е ситуација. Ем ништо не значи, ем све си кажаја.

Т

Театар.

Ќ

Ќе биде. Не е одредено тачно к’д, ама ќе биде.

У

Убавка. Тетка ми е. Не ми е мајка. Ама пола град мисли дека ми е мајка, па еве прилика да кажу јавно, мајка ми е Станче, ама и тетку ми гу сакам како мајка. 🙂

Ф

Факултет. Избери га тој што мислиш дека ќе те прави среќан и испунет.  А не тој што ги звучи добро на маму и тату. А и не мора да га работиш тој што си га студираја, а и не мора да студираш за да га работиш тој што га сакаш. Не е крај на свет ако се предомислиш за факултет, и не ти се живот одредуе заувек ако на 19 године избереш нешто што т’га ти се гледа како интересно. Можеш да се бавиш с’с што сакаш и да почнеш нешто ново к’д сакаш. Еве ја пред неколко месеца соработува с’с 80 годишнога театарскога педагога што пред 20 године бија професор по математику. Па на 65 године к’д се пензионираја, почнаја нову професију.

Х

Хумор. Смисла за хумор е много важна. Свашта нешто можеш да видиш к’д ќе сватиш што му е на некога смешно, а што не.

Ц

Циркуз. Имам двоица блиски људи што су професионални кловнови. Тој су училе, тој работив. Професионалан кловн куде нас е нешто крајно незамисливо. Зашто циркуз куде нас значи нешто сасвим друго.

Ч

„Чекајќи го Годо“. Мислу дека колективно гу играмо сви.

Џ

Џин тоник.

Ш

Шекспир. А може и школа. Или Шекспир у школу.