Почетна КУПУВАЈТЕ СО НАС КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

КУПУВАЈТЕ СО НАС
Книжарница „Букси“

„Приказни од кафулето“ од Тошиказу Кавагучи

Од јапонскиот драматург, Тошиказу Кавагучи ни доаѓа прекраската книга, која што е следбеник на романот „Пред да се излади кафето“, номинирана за роман на годината 2017 г. во Јапонија.

Овој роман е нешто што толку искрено нè учи да уживаме и да живееме во сегашниот миг, дури и кога имаме шанса да се вратиме назад во времето. Да, да, токму така! Во приказната постои едно магично кафуле во кое можеме да се вратиме во времето, но притоа мора да следиме неколку строги правила, чие прекршување може да заврши фатално. Едно од нив е дека – немаме шанса да го промениме минатото! Па, читајќи го ова, дали би сакале да се вратите назад во времето, кога немате можност за поправен? Но, токму тоа е и поентата! Тоа е поправниот! Се враќате назад, за да го проживеете мигот, уште еднаш, вистински и присутно, без разлика што тоа ќе значи дека нема ништо да се промени денес – имате шанса да промените нешто ТОГАШ! И дали мислите дека некој би се нафатил на тоа? Е, па да, во книгата ќе сретнете ликови кои го прифаќаат предизвикот, избирајќи да го преживеат мигот одново!

Luxury Catering Service

Во време кога сме преплавени со сопствените грижи, кога се движиме со облак околу нашата глава, најчесто сме слепи, глуви за чувствата на најблиските. Поминуваме часови, денови, недели покрај нив – без воопшто да ги забележиме. Точно е дека не можеме да видиме што се крие во срцето на другиот, но можеме да слушнеме, да бидеме тука, да бидеме присутни, емпатични и така можеби ќе промениме нешто. Дали е време да се разбудиме?

Дознајте во овој магичен роман, со едно магично кафуле, кое ќе ве врати назад во времето. „Годишните времиња се движат во круг. Исто и животот! Минува низ тешки зими, но на крајот, секогаш доаѓа пролетта!“

Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.