Почетна МОЕТО ПАТУВАЊЕ Весна Левко: Швајцарија е земја на ред, работа и шетање

Весна Левко: Швајцарија е земја на ред, работа и шетање

Велат дека Швајцарија е земја на ред и на работа. Се согласувам.  Видов, што би се рекло, со свои очи. Особено дека и староседелците и дојденците ги почитуваат и применуваат правилата на оваа земја. Јас сакам да патувам. Водата мирува јас не. Но некако оваа земја ми остана непосетена, сиве мои шетачки години.  Нема логика, бидeјќи тука имам многу пријатели. Веројатно дека сум повеќе – морски човек.  И конечно, решив да ја доживеам и оваа земја. Бев во Солотурн и Зухвил.Да потсетам, како што опишуваат туристичките брушури,Солотурн е швајцарски град и седиште на истоимениот кантон. Тоа е и единствената општина во истоимената кантонална област.Се наоѓа на северозапад од Швајцарија на реката Ааре во подножјето на планините Јура. Градот се развил на остатоците од римската населба Салодурум. Центарот на денешниот град се развил во средниот век на северниот брег на реката Ааре. Како слободен град на Светото Римско Царство, се приклучил на Швајцарската Конфедерација во 1481 година. Додека пак Зухвил е општина во округот Васерамт во кантонот Солотурн во Швајцарија. Општината се наоѓа во областа Васерамт, во триаголник формиран од реките Ааре и Еме и планините Блајхенберг и Бирчи во близина на Солотурн.

 

Luxury Catering Service

Тоа се места кои  ме импресионираа со нивното зеленило и добро одржуваните и чистиулици, за разлика од мое Куманово. Инфраструктурата им е беспрекорна. Тоа се градови во кои граѓаните размислуваат за екологија, чист воздух, за луѓето со посебни потреби, како што впрочем е  насекаде во Европа. Градови во кој и најмалите имаат развиени работни навики.Јас не сум спортски тип, им симнувам капа на Швајцарците бидејќи се поддржувачи на здрав живот и на физички активности. Особено што претпочитаат планинарење, посета на планинските дестинации на нивната земја, шетање…многу шетање. Секојдневието име работа- пауза за ручек -дома, но затоа викендите им се, како што веќе реков, во знак на шетање и спорт. За овие две недели колку што сум тука си признав дека сум погрешила што порано не сум дошла да ја видам оваа земја.