Почетна МОЈАТА АЗБУКА МОЈАТА АЗБУКА Со Милош Стаменковиќ

МОЈАТА АЗБУКА Со Милош Стаменковиќ

Афинитетите на неповторливиот Милош Стаменковиќ,нашиот писател,патеписец и крстоносец,прочитајте ги во рубриките
Мојата азбука и Моите ТОП 5.Духовит е најмногу до сега. А, пред се, искрен и галантен на јазик, како и што му доликува!

А

Алан Форд.Најдобриот стрип на просторот на бивша Југославија. Авантурите на дружината од тајното седиште во цвеќарница, се пародија на општеството, креирани од сценаристот Лучано Секи и цртачот Роберто Равиола, познати како Макс Бункер и Магнус, сето тоа зачинето со маестрален превод на Ненад Брикси. Една досетка на Боб Рок кажува сè за стрипот : “Боље живети 100 година као милионер, него седам дана у беди.“

Б

Бак. Стафорд на Горан Овчар.

В

Валиријанскиот челик. Поточно,мислам на ножот на Арја Старк со кој го елиминира Ноќниот крал, водачот на Белите ходачи.  Храброто девојче ги спаси Седумте кралевства, единствено со помош на срце и чуден метал од уништената Валирија. Да го парафразирам Нил Армстронг во верзија на Игра на тронови: “ Ова е мал чекор на Арја Старк, но голем чекор за Вестерос.“

Г

Град. Според дефиниција релативно голема, урбана населба каде луѓето живеаат од трговија, сервисни услуги, индустрија. Развиваат култура на живеење со почит еден спрема друг. Според стара легенда на простор на денешна касаба Куманово постоело такво митско место.

Luxury Catering Service

Д

Дејси. Кучето на Џон Вик. Дејси е најголемата грешка на руската мафија во Америка во последните 100 години. Младиот син на големиот бос не ги знаел трите основни закони на термодинамика, гравитација и теорија на релативитет. Три најважни животни правила базирани на физика. Прво правило:“ Не се расправај со Чак Норис“. Второ правило :“Не го задевај кучето на Џон Вик“. Трето правило :“Добро ги запомнете двете правила.“

Ѓ

Ѓеврек од картона. Пропаднатиот проект на Димитрије Пантиќ во филмот Тесна Кожа.Изградба на големиот хотелски комплекс, инвестиран од турски бизнисмен, каде гости ќе влегуваат преку огромен ѓеврек од картон и ќе наидат на овца набиена на колец. Бегова чорба, шишкебап, содам долма, сутлијаш……Визијата на Пантиќ и парите на Турчинот, како што сме сите сведоци, завршува со барање поткуп од локален хохштаплер.

Е

Ентони Хопкинс.  Жив глумец со титула број 1. Посебно ми е драга приказната за неговото скриено потекло. Според Јован Деретиќ, неговиот дедо потекнува од селото Хопово во Срем. Поради зулумот на Османлиите тој го напушта родниот крај и преку Виена заминува за Велс. Кога му се родил внук го крстиле Тони Хоповиќ.Презимето е земено во спомен на стариот крај. По неколку години, локалната администрација го заведува во општинските книги како Ентони Хопкинс. Тажна српска приказна.

Ж

Жирант. Падобранец без падобран. Католик поголем од Папа. Единствена сорта на луѓе кои веруваат дека нема да го враќаат кредитот.Кредит земен од банка, потрошен истиот ден на исплата, со пристигнати три неплатени рати. Едноставно кажано, жирант е зрела личност која верува во бајки.

З

Зоран Радмиловиќ. Радован Треќи и Били Питн. За тие што знаат за кого пишувам, толку е доволно. За останатите, немам зборови со кои можам да го опишам човекот, фраер и глумец број 1 на сите времиња.

И

Илијада. Дело на еден слепец, на кое после 3.200 години ниту еден книжевник не може ниту да се приближи. Притоа не ги сметам Куран и Библија поради божја интервенција т.е. помагање при пишување.

Ј

Јеремија, ликот од стрипот Алан Форд. Човекот кој болува од сите можни болести. Секогаш се жали дека ке умре. Тој има изјавено дека има чир на дванаестпалечно црево и дека наскоро ќе премине во чир на тринаестпалечно црево. Не мора да потенцирам дека уште е жив.

К

Како Пабло Ескобар. Како Аца Лукас. Како Ел Чапо. Како Радоје Звицер. Како Кали картел. Како Шкаљарски клан…

Л

Латински поговорки. Никогаш нема да ги разочарате соговорниците. Може да се користат во разговор со продавачка во Веро со ист шарм како во конверзација со академик од МАНУ. На пример “ VITAE LUDUS EST”. Во превод: “Што е животот без заебанција?“

Љ

Љубица. Кодно име на мојот канаринец. Од ќеркитенемам дозвола да донесам самостојна одлука, така за јавноста канаринецот се вика Били. Крстен по Били Идол. Бидејќи имал жолти перца на главата и убаво пеел. За мене, кога сме сами, останува Љубица.

М

Модести Блејз. Петар Цветковиќ, лик од култниот филм “Варљиво лето 68“, го глуми Славко Штимац, кога се вљубува вели:“ Јасмина, мирисаше на зумбул, ја чувствувам како дожд во есен…таа е жена на мојот живот“. Во моја верзија:“ Модести е жена на мојот живот“. Штета што е лик од стрип. Стварноста е тешка и сурова. Но, без разлика и денеска сум вљубен во Модести Блејз.

Н

Наполеон. Мал тип со незгодна нарав. За мој вкус, со право лут и нервозен. Искомплексиран Корзиканец. Мангуп, кој шетајќи по улиците на Париз, ја видел француската круна во кал. Ја зел во свои рацеи во катедралата Нотр Дам сам си ја ставил на глава. Фраер кој за Британска империја, Османско царство, Прусија, Северна Африка, Блиски Исток и Русија, за сите заедно, има изјавено:“ Јебаќу вам милу мамицу у тесну пичицу“. Едноставно кажано, цар со големо Ц.

Њ

Његово височанство. Надимак и титула на драг пријател. Не е шега, туку навистина потомок на лоза на Немањиќи по линија на Теодора, сестрата на Душан Велики. Његово височанство Тодор Миљуш.

О

Опера. Поради мојата мазохистичка природа да разберам што може да натера нормален човек да плати прескапа влезница и слуша опера.

П

Партизан. Тоа не е просто навивач на некој клуб. Партизан е карактерна особина и состојба на духот. Навивачот на Партизан е чиста емоција на две нозе. На прашање на господинот  Драган Илиќ Мусо, зошто не навивам за друг клуб, морав да му одговорам со стиховите на неговата омилена песна од Атомско склониште:“ Хиљаду ноќи и дана. Одговора није било. Јер за љубав треба имат душу. Јер за љубав треба имат душу.“

Р

ррррррррррррррррр

С

Среќко Шоиќ. Серен Кјеркегор. Слонче у лонче. Сенека.Сингапурќани. Салвадор Дали. Среќко, нисам ја Несреќко.

Т

Театар. Кафана во која никој не се крие дека глуми.

Ќ

Ќе. Омилен збор на политичари без визија со купена диплома.

У

Умберто Еко. Паметен човек уште е во мода.Доказ дека има надеж за човештвото.

Ф

Француски клуч. Фактури за кафани. Фиктивни станови на други имиња. Финансиски малверзации. ФБ статуси од големо ништо.

Х

“HOMO EST CANTINA” Во превод: “Луѓето се гомна“. Како што наведов, латинските поговорки може да ги користите секогаш кога немате идеја што да кажете.

Ц

Циркус. Уникатен збор кој опишува се што се случува во општеството.

Ч

Чак Норис. Посебна чест ми е што имам прилика да го наведам неговото име. Јас сум заменик на претседател на движењето “ Уживатели и обожаватели на ликот и делото на Чак Норис“. Моментално ја извршувам и функцијата на извршен директор, бидејќи претседателот Игор Југ е на службено патување. Се надевам дека ќе се врати до 10 март, традиционално да го прославиме роденденот на Чак Норис и покренеме званична иницијатива за исправање на најголемата историска неправда направена во филмот“ На патот на змејот.“

Џ

Џедај. Членови на редот кои се борат за мирот и правдата во Галактичка Република. Кога помислите на џедај тоа е лик на Лук Скајвокер, последниот ученик на Оби Ван Кеноби и Јода. Член на Галактичка Алијанса и Нова Република. Спремен дечко кој го победи Дарт Вејдер, поранешен џедај Анакин Скајвокер.

Ш

Шејн. Песна од група Хаустор.

“Ја цели живот сањам како одлазим низ реку, старим паробродом који носи со, и да носим једну давно, никад прежаљену љубав, танку дугачку цигару и пар мамуза од злата. Да сам Шејн…“