Приоритети на професионалците од „Јак-дент“: прецизна анамнеза, точна дијагноза, воспоставена доверба од пациентот, пристапност во пружање дентални услуги – доктор по стоматологија, Ивица Ангеловски и неговиот стручен и убав тим.
Д-р Ангеловски, што ја издвојува Вашата пракса во однос на квалитетот на понудената дентална нега и услугите, за кои слушнавме дека се високо професионални, а сепак пристапни за сите граѓани?
Квалитетот на денталните услуги што ги нудиме во нашата ординација најпрвин се должи на долгогодишното образование и пракса што ја стекнав во мојата досегашна кариера, а секако тука е и мојот тим: д-р. Миљана Спасовска, специјалист по стоматолошка протетика и медицинската сестра, Стевковска Катерина, дипломирана на високата медицинска школа во Штип.
За да функционира една стоматолошка ординација неопходно е да имате професионален тим, квалитетни материјали, пријатна атмосфера за работа што ви овозможува да се поврзете со вашите пациенти, се со цел да се воспостави правилна дијагноза, да се разбијат одредени фобии кај пациентот и што побезболно да се примени целата дентална процедура.
Дали редовно барате повратни информации од пациентите и ако е така, како ги користите за да ја подобрите Вашата стоматолошка служба?
Можам да се пофалам дека целиот мој тим е максимално посветен на потребите на пациентите. Нашето мото е: „Пациентот е секогаш во право“. Ова подразбира дека е најважен пристапот кон пациентот, уредно земена анамнеза што е половина од дијагнозата и воспоставување доверба со пациентот. Без взаемна доверба не можете да бидете добар лекар, без разлика колку сте квалификуван, мора да оставите добар впечаток кај пациентот и како човек и како професионалец.
Пациентите се во постојан контакт со нас преку службените телефони, но и преку социјалните медиуми. Тука сме за нив, за да се информираат за нашата работа, да закажат термин или пак да дадат поплака.
Како останувате во тек со најновите достигнувања во стоматолошката технологија?
Законски, секој стоматолог е обврзан два до три пати годишно да посетува семинари, професионални обуки кои што се неопходни за да си ја продолжите важноста на лиценцата на секои 7 години. Сепак, секој стоматолог индивидуално си одлучува кои семинари ќе ги посети и колку пари е спремен да одвои за усовршување на своите професионални вештини.
Во Македонија можам да кажам дека има врвни професионалци од кои можете да учите и да усвојувате нови вештини. Во Македонија имате и прекрасни курсеви што можат да ви ја доближат стоматологијата која се практикува во светот.
Кои се некои од најголемите предизвици со кои се соочувате во Вашата стоматолошка ординација, особено во однос на забните техничари, ако се земе предвид колку е прецизна, но и напорна работата на протетичарите?
Најголемиот предизвик во однос на протетското санирање на пациентот не е професионалноста на изработката, туку финансискиот „инпут“ што пациентот е спремен да го вложи за да добие здрава и прекрасна насмевка. Понекогаш она што е најдобро за пациентот мораме да го прилагодиме спрема неговиот финансиски стандард и да изработиме поскромна, но и помалку функционална протеза. Сепак, секој пациент е запознаен со предностите и мааните на една протетска изработка и тука имаме целосно разбирање од пациентите – дека она што го добиваат е и она за кое се спремни да платат.
Дали како пациенти ја имаме надминато фазата „боље сода бикарбона него паста за зуби у коју има превише флуор“?
Јас како лекар не ја потценувам моќта на природните лекови. И покрај тоа, денешната медицина се развила благодарение на традиционалната. Сода бикарбона без алуминиум може да се користи да направите алкален раствор со вода за дезинфекција на устата кај кандидијаза, исто можете на паста да ставите сода бикарбона два пати месечно и да ги исчистите наслагите од пушење, кофеин итн. Алкален раствор од сода бикарбона може да користите да ги дезинфицирате вашите протези што се подложни кон разможување на габички поради влажната и топла средина во усната празнина. Многу пасти и раствори што се фабрички произведени ја имаат сода бикарбона во својот состав. Сепак, за да ја изберете пастата што ви одговара, најдобро е да го консултирате вашиот стоматолог. Имате пасти и без флуор, но сепак ако нема контраиндикации, пожелно е да користите паста со флуор, што е во мали количини застапен, а докажано делува против кариес и воспаление на меките ткива.
ПЗУ „ЈАК-ДЕНТ“, Ул. 146, бр.1
Нас. Карпош
Тел: 070 700 282