Почетна КУПУВАЈТЕ СО НАС КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

КУПУВАЈТЕ СО НАС
Книжарница „Букси“

„Богат татко, сиромашен татко“ -Роберт Киосаки

Книга која би се нашла во Топ 5 листа на книги кои мора да се прочитаат! Без разлика дали сме родители или не,без разлика дали имаме ‘нерасчистени ставови’ кон финансиите, и секако, задолжително, доколку сакаме да направиме одредена промена!

Што е она за што богатите родители ги учат своите деца за парите – а сиромашните не!

Роберт Киосаки во книгава зборува за својот биолошки татко и за таткото на неговиот најдобар другар од детството, кој му бил како втро татко, бидејќи од него научил лекции за огромен раст! Неговиот татко, образован човек, кој целиот свој живот го поминал во образовниот систем, со сигурна државна работа и плата, кој е неговиот сиромашен татко, од една страна, и богатиот татко – оној кој нема завршено високо образование, но кој е далеку поуспешен во животот!

Luxury Catering Service

На еден летен распуст, Роберт со својот другар започнува да работи во фирмата на неговиот татко, каде тој им ветува дека ќе научат многу – доколку сакаат! и за тоа нема да бидат платени ништо! Се согласува, и на самиот почеток, навистина не добиваат никаков надоместок за работата, но во подоцнешните години, сфаќа дека она што го добива има многу многу поголема вредност.

Книга во која ќе научите како да арсте вредноста на парите – наспроти инфлацијата која секојдневно ги јаде, што е инвестирање и што значи правилото „не ги ставај сите јајца во иста кошница!“. И додека едни ќе речат дека ова е Западен принцип, кој кај нас не функционира, други ќе речат дека токму она е нештото кон кое се движиме последните години и децении, па од тука и нашата иднина.

Дознајте која е разликата во погледите и ставовите на богатите во споредба со обичните луѓе. Во што се разликуваат нивните постапки што даваат драстично поинакви резултати!

Книгата е достапна во нашата кафе-книжарница Букси.

Марија

Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.