Почетна МОЈАТА АЗБУКА Азбука на Маргица Антевска

Азбука на Маргица Антевска

Чуј Јордане, те нема да го слушаме Шопен, ама ти си виновна ој туѓино што останавме сами. Послушај ја ангелската песна и не лудувај барем ти бре Јоване. Цел ноќ ќе ву се к’лнеш на Гинчета, к’т ќе дојдеш у Куманово! Маргица Антевска, музички сензибилитет за миланска скала, на Куманово душа што дала!

А

како почеток на сè; Антевска од прадедо, дедо ми, татко ми…

Б

Богородице, ти чувај нè!

Luxury Catering Service

В

Верба

Г

ГОСПОД

Д

Дрво

Ѓ

Ѓорѓи, ѓеврек

Е

Еленче, едно од најмилосрдните животни; Есен, ја сакам, но повеќе ја нема

Ж

ЖИВОТ

З

Зора, будење

Ѕ

Ѕвезда, по песната „Ој ѕвездо“, како насловна нумера на касетата и албумот

И

И така почна сè

Ј

Јован, Јовка, Јовановски

К

Куманово, со љубов

Л

Лага, леб со мармалад, лист носен од ветрот и Лола

Љ

ЉУБОВ, колку малку ни треба!

М

Мајка, именка без заменка, Маргица, Марко, Милена, Македонија, маче

Н

„Не лудувај Јоване“

Њ

О

Очи, огин (ова лето премногу)

П

Песна, пијано, птица, пролет

Р

Река која нè носи полека, радост

С

Спомени, сонце

Т

Татко, театар, мојот татко, Трајко Антевски

Ќ

Ќерка

У

Уво, успех, учење

Ф

Феникс, фиќо, фестивали, француски јазик, филџан кафе

Х

Христијанство, како вера, надеж и љубов

Ц

Цвета, како името на мојата мајка, цвет, Цветници

Ч

Чевли кои во слободно време ги поправаше мојот татко; ЧОВЕК, реткост во денешно време

Џ

Ш

Шегобијни песни на кумановскиот „Тумба фест“