Почетна НЕШТО УБАВО Петте јазици на љубовта

Петте јазици на љубовта

Кафе – книжарницата Букси продолжува со серијата настани од циклусот Психолошко – книжевни разговори.

Минатиот четврток се одржа втората средба на која што се зборуваше за јазикот на љубовта. Инспирација за темата е книгата „Петте јазици на љубовта“ од Гари Чепман, која може да биде корисен водич во одржувањето на партнерските врски.

Како да му покажеме на нашиот партнер дека го сакаме, на кој начин партнерот сака да добие признание за нашата љубов, како да поминуваме квалитетно време заедно и како да препознаеме кој е нашиот, а кој неговиот/нејзиниот јазик на љубовта, беа некои од темите кои се дискутираа. Модератор на настанот беше сопственичката на Букси-Марија Колевски, а соговорник на темата – Драгица Стаменковиќ, психолог и психотерапевт. Психолошко-книжевните разговори се одржуваат еднаш месечно, на тема инспирирана од психолошката литература која може да се најде во Букси. Освен анализа и осврт на книгата, во интимната атмосфера се отвораат дијалози со посетителите, кои потенцираа дека од секоја средба добиваат некое корисно сознание и совет и дека со нетрпение го очекуваат следниот настан во септември.

Luxury Catering Service

Р.П.