Почетна ЕДНО ПРАШАЊЕ ЕДЕН ОДГОВОР ЕДНО ПРАШАЊЕ ЕДЕН ОДГОВОР СО ГОРДИЦА БОШКОВСКА

ЕДНО ПРАШАЊЕ ЕДЕН ОДГОВОР СО ГОРДИЦА БОШКОВСКА

Гордица Бошковска нов член на Советот на Општина Куманово

Почитувана

Од денеска сте нов член на Советот на Општина Куманово.Вашиот мандат е верификуван. Вашите колеги,советници од ЗНАМ очекуваат 2024 година да биде поуспешна од предходната,а незадоволните граѓани сметаат дека градот пропаѓа додека градоначалникот води “висока политика”. Градоначалникот Димитриевски влезе оптимистички во изборната трка, активен е во процесот на отварање на општински организации и штабови.
Дали граѓаните на Куманово ќе бидат жртва на амбициите на раководството на ЗНАМ и колку е реална опасноста локалните проблеми да бидат ставени во втор план додека ЗНАМ ја спасува Македонија ?

Luxury Catering Service

Со почит
Редакција Плоштад
 

Движење “За Наше Куманово” делува од пред две години кога за прв пат учествуваше на локалните избори и постигна убедлива победа . Граѓаните го препознаа потенцијалот на движењето ЗНАМ и на Максим Димитриевски.

Пред неколку месеци движењето прерасна во нов сериозен политички субјект “Движење ЗНАМ за Наша Македонија” за чиј претседател едногладно беше избран Максим Димитриевски. Максим Димитриевски е човек кој гласно ги искажува своите мислења ставови и убедувања. Тој е млад,амбициозен но и искусен политичар Неговото дејствување е во насока на создавање на мулти етничко општество, општество за сите, општество со сите мерила и вредности.

Пред две години во изборната кампања пред граѓаните на Куманово ЗНАМ за Наше Куманово вети сериозни и амбициозни проекти кои за некого можеби и беа нереални како на пример проектот за бесплатен превоз на граѓаните. Но, најголем дел од овие ветувања веќе се реализирани, дел се во постапка на реализирање а дел допрва ќе се реализираат и покрај силна блокади од страна на централната власт.

Од локалните избори во Куманово квалитетот на живот во општината видно е подобрен тоа го чуствува секој граѓанин. Тоа е неспорен факт. Ова не е само мое мислење, ова е мислење на голем број на граѓаните од нашата општина. Промените во изминатите години се гледаат и чуствуваат насекаде сакал некој тоа да го признае или не. Амбициите и довербата стекната во тимот предводен од Максим Димитриевски нема и не смее да се искоцка на парламентарните избори на пролет. Таа доверба е стекната со напорна работа од целиот тим, на општинско ниво со одлични резултати со смели и храбри одлуки и голема поддршка на граѓаните.

Со тоа сме охрабрени и цврсто стоиме на тоа дека партијата ” Движење ЗНАМ за Наша Македонија” на чело со Максим Димитриевски ЗНАЕ, МОЖЕ и САКА овие активности да ги прошири на републичко ниво без при тоа било кој локален проблем да биде ставен во втор план. Поголемата амбиција од општинско на републичко ниво е само еволуциска и логична. Раководството на ЗНАМ има квалитет,знаење способност и визија да направи промена која ќе резултира со подобро утре за Македонија и македонскиот народ.

Народот ширум Македонија го препознава потенцијалот и квалитетот на Максим Димитриевски и “Движењето ЗНАМ За Наша Македонија ” и затоа на наредните парламентарните избори ќе му даде огромна доверба.

 

Гордица Бошковска

Советничка во Совет на Општина Куманово