Почетна КОЛУМНИ Зелено за пријатели, црвено за пудлици

Зелено за пријатели, црвено за пудлици

Семафорот за резултатот од политичките игри во Македонија во овој момент не покажува добар резултат за Максим Димитриевски. Кажано со терминологијата од времето на ковид кризата, пикот на популараноста на Максим е далечно минато, а во последно време, сведоци сме на драматичен пад на неговиот рејтинг, и тоа во време кога многу брзо ќе се „мешаат картите“ за наредните локални избори. Но, ова и не е некое големо изненадување. Максим е непринципиелен политичар, створен во неприродна и натегната коалиција, скаран со своите најблиски соработници, потрошен и товар на оние кои го создадоа како таков. Сите кои добро го познаваат свесни се за неговиот ограничен капацитет. Добар е за вриштење, пиштење и патетични говори, како во времето кога беше удирана тупаница на Шарената револуција, но за нешто повеќе од тоа – тешко. Во кампањата зборуваше едно, сега како дел од владината коалиција зборува нешто друго. Во неговите говори и интервјуа се гледа како се мачи кога се труди да звучи интелигентно и стручно. Го гледам со каков напор го прави тоа. Понекогаш се плашам да не се повреди. Но, негов избор беше да влезе во големата политика и да излезе од локалните рамки. А, сам, најубаво знае дека неговиот капацитет завршува на првата патарина на патот Куманово-Скопје. Сите кои добро го познаваат, знаат за приказната за сомнителната диплома, за „опашката“ од Ирак до Куманово, а богами и за шушкањата за брзо збогатување. Доволно е само да ги погледнеме бројките и документите со кои излегува локалната Кумановска Горила. Некако Максим не е баш убедлив кога објаснува за некои цифри.

Но сепак, неговата иднина најмногу зависи од битката во ВМРО-ДПМНЕ. Онаа, внатрепартиска.

Политичката судбина на Максим Димитриевски зависи дали во таа битка ќе победи вмровската линија или ќе победат неговите „пудлици“. Прва група се оние кои беа против тоа ВМРО-ДПМНЕ да застане зад неговата кандидатура и да се одработи неговата победа. Тие вмровци беа против тогаш, а сега се уште повеќе против. Велат дека сега е вистинско време Куманово да добие вмровец градоначалник. Сега или никогаш.

СДСМ е во нокаут и победата би требало да биде лесна задача.

Luxury Catering Service

Со кој кандидат во Куманово ќе излезе ОК ВМРО-ДПМНЕ е помалку важно. Но, кој може на екипата што на свој грб ја донесе победата во И.Е. 2 да му забрани да даде свој човек за кандидат? Помалку важно е името. Важно е да биде докажан вмровец.

Втората група се на „Максу пудлице„. Вмровска раса. Вмровски пудлице. Тоа се оние кои сметаат дека нашиот Маки е нешто како Тито, Черчил и Шарл де Гол заедно. Три во едно. Минатата кандидатура ја оправдуваат, за наредната мислат дека е најдобра опција. Останува само да го следиме натпреварот, а скапиот нов семафор ќе покаже кој победил, односно кој е нов градоначалник на Куманово.

Не викајте само „време ќе покаже“ или „не знам“. Јас ЗНАМ само дека Максим не е толку вреден што заради неговата политичка кариера се дозволи да се понижат кумановските вмровци. Среќа само што ова не е Охајо па мигрантите да ни ги јадат кучињата, во тој случај неговите пудлици и малтезери би биле деликатес.

Марјан Олгин