Почетна Вести Не пропуштајте! Стенд-ап на црногорските браќа Шуковиќ и Кабаре Кабает вечерва во...

Не пропуштајте! Стенд-ап на црногорските браќа Шуковиќ и Кабаре Кабает вечерва во Касапски круг

Стенд-ап вечер со браќата Шуковиќ и Кабаре Кабает!

Подгответе се за вечер во која ќе направите рамен стомак од смеење!

Денеска, понеделник, 23 септември, во 20 часот, во Касапски круг Куманово, Александар и Игор – браќа Шуковиќ, го носат својот уникатен хумор преку оригинални скечеви, веќе познати по своите хумористични настапи низ Црна Гора и регионот. Низ балканската турнеја, Шуковиќ, или што би кажале во Битола, еден е Шуковиќ, не го одминуваат Куманово, на наше големо задоволство. Локална поддршка им се Кабаре Кабает со Мирослав Петковиќ, Чедомир Митевски, Марио Поповиќ и Мишо Димитријевски Шипе.

Luxury Catering Service

Понеделник, 20 часот, Касапски круг. Влез: 250 денари во предпродажба на линкот – или на самиот влез, цена 300 денари.

Стенд-ап шоу „Пођи по прут“ со фантастичните браќа Шуковиќ и извонредните Кабаре Кабает ве очекуваат на добра забава!