Плоштад: Што е најдобро да се направи во ситуација кога граѓанската свест е на ниво „нови канти за отпад пливаат грбно во реката“? Каква генералка ни е потребна на сите нас, не само кога е во прашање еколошката свест?
Ненад Стојановски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово:
Граѓанската свест е резултат првенствено на домашното воспитување, понатаму на образовниот процес и секако општествениот живот во кој спаѓаат и моралните норми и самото уредување. Во ситуација каде недостасува или има погрешно домашно воспитување, едукативниот процес не си ја завршил својата функција и кога не постојат санкции имаме состојби да „канти пливаат грбно”, како што вие милувате да се изразувате. Нам ни е потребна „комплетна генералка“ по принципот на Северна Кореја и тоа не само кога станува збор за еколошката свест, туку и за целокупниот општествен живот. Доколку сакаме да направиме држава, ќе мора да се преправиме самите себеси. Три чекори се пресудни:
- Едукација како се одгледува дете
- Образовна реформа каде ќе има природна селекција и овој систем комплетно ќе се смени
- Постоење на одговорност каде ќе има и казна и награда
Прашањето е: Каков облик на владеење (диктатура) нам ни е потребна?!?
Р.П.