ЕДЕН ОД ЧЕСНИТЕ КАДРИ НА ЗНАМ – ГЛАВНАТА ИНСПЕКТОРКА ВО КУМАНОВО ФАТЕНА СО МИТО ОД 4 ИЛЈАДИ ЕВРА
Станува збор за Лидија Трајковска, раководител на Секторот за инспекциски надзор во Куманово, поставена на таа функција од Максим Димитриевски на 19.02.2024 г., личност која во истиот тој кус период како ја има функцијата, веќе имала добиено пет кривични пријави, воглавном за рекет.
„Левица“, а и граѓаните, се прашуваат дали некој од „Знам“ воопшто врши скрининг на своите кадри или пак намерно ги примаат криминогени за да оди подобро бизнисот?
Инспекциските тела во градот и во Републиката треба да служат како осигурување дека законските прописи правилно се спроведуваат, но очигледно дека Максим Димитриевски ги користи како алатка за спроведување на своите интереси и на тие блиски до него.
Апелираме до надлежните да не замижуваат на криминалите на кадрите и функционерите на движењето „Знам“ само затоа што Максим го „приграби“ Министерството за правда, што и само по себе е симптоматично. „Левица“ укажува на тоа дека кога народот ќе ја преземе власта во свои раце, сигурно ќе постои одговорност.
Црвено Куманово