„Политичарите постојат за да ни дадат идеја дека имаме слобода на избор“ – Џорџ Карлин
Американски претседателски избори, 5 ноември 2024 година
Не сум голем обожавател на Доналд Трамп. Сепак, голем сум фан на луѓето што тој ги вклопи во својот тим: Роберт Кенеди Џуниор, Тулси Габард, Џеј-Ди Венс, Томас Маси итн. – се чини дека тие се вистински луѓе што се залагаат. Дури во помала мера и Илон Маск.
Од 80-тите и 90-тите, Трамп претставуваше и културна личност во Америка. Тој беше насекаде во популарната култура. Рап, книги, дневни ток-шоуа, филмови и слично. Тој имаше и најгледана емисија на телевизија. Естаблишментот го сакаше додека не одлучи да се кандидира за претседател и уште поеклатантно…победи. Веднаш „машината“ реши дека мора да биде уништен. Двапати се обидоа да го отповикаат. Го наклеветија него, неговото име и неговото семејство. Се обидоа да го стават во затвор и да го банкротираат. Дури двапати се обидоа и да го убијат. Ништо од тоа не им успеа. Не мислам дека Трамп е вистинскиот човек да биде претседател, но во најмала рака го почитувам. Можеше да си го земе богатството, лесно да се пензионира играјќи голф и ебајќи порно ѕвезди додека не умре. Наместо тоа, тој ги издржа најкоординираните и најжестоките напади од кој било претседател досега. Повторно, почит.
На другата страна пак, се луѓе на кои не би им верувал ни да го позајмат мојот автомобил, а камоли да ја водат земјата. Харис е размазена жена. Таа не знае апсолутно ништо затоа што никогаш не морала да научи ништо. Во текот на целата нејзина политичка кариера ѝ е дадено на готово сè. Нејзиното прво место за јавна функција ѝ го подари нејзиниот тогашен љубовник Вили Браун. Овој човек беше крајно корумпиран политичар и таа научи од него. Кога неговите гнасотии ја преминаа линијата, таа го тргна настрана за да може самата да се искачи на политичката скала. Камала Харис едвај го освои своето прво сенаторско место во Калифорнија. А го освои затоа што беше (и е, во најголем дел) поддржана од Силиконската долина и парите од големите претпријатија во Кали. Потоа се кандидираше за претседател. Но толку се посрами, што мораше да се откаже пред првите прелиминарни избори (прелиминарните избори се гласови за да се види кој ќе биде кандидат за демократската и републиканската партија). Бајден на крајот победи и ја избра Камала за потпретседател само затоа што беше „обоена жена“. (Тој исто така веројатно ја избра затоа што мислеше дека нема шанси „машината“ да избере некој толку неподобен како Камала да го замени. Да, до толку е глупав.) Во нејзините три и пол години како потпретседател, таа беше избрана како најнепопуларниот потпретседател во историјата на САД. Откако беше премногу очигледно за машината да ја сокрие деменцијата на Sleepy Joe, таа помогна во организирањето на државниот удар во палатата против Бајден и доби номинација. Му верувам на Путин кога рече дека би сакал Камала да победи. Личност како Камала би била многу лесна за поразување.
Не можам да кажам дека знам многу за Тим Волц, нејзиниот потпретседателски избор, но можам да препознам „факинг чудак“ кога ќе видам. Две работи има за него како гувернер на Минесота. Тој потпиша наредба да се стават тампони во машките тоалети во училиштата и за време на Ковид постави линија за кодоши за да можете анонимно да ги пријавите соседите ако го прекршиле полицискиот час. Доволно кажано за еден чудак.
Камала, исто така, се здружи и со „републиканката“ Лиз Чејни. Ќерката на поранешниот потпретседател и негативец во филмовите за Џемс Бонд, Дик Чејни. Да речеме само дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото. Камала, исто така, се усогласи со секоја длабока држава, отпадниците на ЦИА, ФБИ и оние кои сè уште се таму и кои не можеме ни да замислиме како функционираат.
Не знам како некој би можел да се натера да гласа за такви страшни ликови. Единственото нешто на што можам да помислам е дека таквите сè уште веруваат во пропагандата и покрај доказите за спротивното.
Исто така, нејзината кампања изгледа како да ја води дистописки писател на фикции. Започна со „JOY!“ и сега завршува со „5 минути омраза“. „Трамп е Хитлер… Нацист… Фашизам и бла, бла, бла… Хитлер“. Нема суштина, нема политика. Само празно зборување и нејзината омилена комунистичка фраза: „Иднината е неоптоварена од она што било порано“. Чувствувам дека мојот коефициент на интелигенција опаѓа само мислејќи на некои работи што таа ги кажа. Небаре „машината“ во сиот свој безобразлук мислеше дека едноставно може да го заглават во себе кој било и дека американскиот народ ќе направи како што ќе им каже.
Како сето ова ќе се заврши, ќе видиме. Дали Трамп ќе го освои просечниот глас. Би рекол да, и тоа ТРЕБА да биде со широко мнозинство. Сепак, веќе видовме ситуации „луд јебе збуњеног“ со дел од предвременото гласање. Камала може да го изгуби народниот глас на национално ниво, но сепак да го освои изборниот „колеџ“ (Изборниот колеџ е малку комплициран. Едноставно кажано, ако освоите доволно гласови од народот во една држава, ќе ги добиете сите гласови на изборниот колеџ од таа држава. Дизајнирано така што помалку населените држави, како на пример Род Ајленд, ќе имаат право на збор како и многу понаселените држави, пример Тексас.) Ќе има широко распространето мамење ако е тенка разликата во гласови. (Постојат докажани измами на речиси сите претседателски избори). Не знам како би можело да биде, но, ние се занимаваме со машина која може и прави државни удари низ светот и тоа го направи и во последните 6 месеци со помазанието на Камала, така што…
„Нека живеете во интересни времиња“ – Кинеско проклетство.
„Дрвото на слободата мора одвреме-навреме да се освежува со крвта на патриотите и тираните“ -Томас Џеферсон
Не знам дали Трамп или Камала ќе победи, единственото нешто што го знам е дека ниту една страна нема да го прифати резултатот. Ќе има хаос. Затоа што ниту една страна не е легитимна за другата страна.
Само имајте на ум дека речиси сите империи низ историјата се уништувале себеси одвнатре. Дали сме сведоци на крајот на една империја? Можно е.
Ако победи Трамп, тогаш иронично наречената „Антифа“ (Антифашистичка), а всушност многу фашистичка, „нацистичко кафеава кошула“, луѓето ќе почнат да се бунтуваат. Сигурен сум дека „кинеските црвени кошули“ како BLM групите ќе им се приклучат. Ова ќе биде само увертира. Трамп и неговите собрани „одмазници“ ветија дека ќе го уништат секој длабок државен апарат на машината. Машината ќе возврати. Машината е во залет од 2016 година. Измама за дослух Русија/Трамп, Ковид, импровизираната војна меѓу Русија и НАТО во Украина, напливот на бегалци во сите западни општества. Машината се движи брзо бидејќи сака целосна контрола. Ок, некои од вас чувствуваат дека навлегувам во теорија на заговор (интересен факт: терминот теорија на заговор беше измислен од ЦИА за да го оцрни секој што има прашања околу атентатот на Кенеди. Чудно.) Па, можете ли искрено да кажете дека не чувствувате страв за траекторијата на светот? Секако дека можете. Секој кој ги следи настаните од поновата историја не може да каже дека не чувствува како нешто не е во ред со светот. Искрено чувствувам дека психопатите на власт повеќе би сакале да бидат кралеви на пепелта, отколку да ја отстапат власта. Нивната маска падна и тие се премногу вложени и изложени за да престанат сега. Можам да видам и ако Трамп победи: големи промени во геополитиката. Лесно го гледам распадот на НАТО и ЕУ. Но, можеби е тоа тема за некоја наредна колумна. Или пак, во случај да победи Харис и нема да има веќе потреба од пишување.
Сепак, има голема надеж за САД. Верувам дека има доволно добри луѓе во позадина, во сите овие различни организации, кои ќе можат конечно да застанат и да ги спречат психопатите да ја постигнат својата крајна цел. Се надевам.
Сега обратно. Ако Камала победи, тоа ќе биде крајот на демократијата и слободата во САД. Прво ќе има протести. Некои ќе станат насилни. Некои од нив би можеле да се распространат ширум државата и да ги преземат државните институции. Потоа ќе биде повикана војската. Ќе има тужби. Кога тие на крајот ќе пропаднат, тужителите ќе сфатат дека немаат друг избор освен да се отцепат. Тогаш војската ќе биде повикана. Воената состојба е секако она што на крајот го сака „машината“. Не мора да ми верувате, но Министерството за одбрана на 27 септември испрати директива со која се дозволува војската да пука врз американските цивили доколку биде испратена да им помогне на локалните органи за спроведување на законот.
Се разбира, сета оваа прогноза од моја страна може да биде сосема погрешна (иако се сомневам во тоа, премногу долго живеев во САД, а сега сум овде). Без оглед на тоа како ќе испадне, мислам дека вие ќе бидете многу среќни што живеете во посрана мала земја. Како што гледаме дека се одвиваат работите, можеби оваа земја повеќе нема да изгледа толку посрана. Можеби ќе бидете многу среќни што живеете овде. Јас знам дека сум.
Авторот познат на редакцијата.