Почетна Школска табла Кодно име „О писменех“

Кодно име „О писменех“

Вниманието ни го сврте соопштението од градската библиотека во кое беа објавени резултатите од општинскиот натпревар во „Месец на книгата“ и во кое прочитавме дека дури  пет ученички од деветтите одделенија на ОУ „Толи Зордумис“ оствариле неверојатен успех со своите поезија и проза. Авторските дела на Кјара Ристиќ, Јоана Ѓорѓиевска, Нина Спиридоновска, Инес Кимевска и Моника Саздевска – под менторство на професор Наташа Пешевска ги оставиле без зборови членовите на жири комисијата, дискретно покажувајќи им го патот на овие деца кон нивните перспективи.

Додека нашиот град се гордее со нив, нивните наставници се особено воодушевени. Две први места, едно второ и две трети на престижниот општински натпревар ја истакнуваат посветеноста и креативноста што ја гледаат секојдневно на часовите – и извонредната желба на учениците да одат подалеку и да истражуваат нови хоризонти во писмена форма.

Општинскиот конкурс, инаку, беше на тема: „Желбата и љубовта се крилја за пишаниот збор“ и се одржа на 29 октомври.

Кјара, Јоана, Нина, Инес и Моника, спред насловот на овој конкурс, веќе се вивнале до ѕвездите, поставувајќи си го пред себе предизвикот да го љубат и негуваат македонскиот литературен јазик. Всушност, не бевме многу изненадени и кога видовме под чие менторство се случил овој, како го нарекоа во ова наше училиште – историски успех.

Luxury Catering Service

Честитки и до учениците од другите основни и средни училишта.