Почетна МЕГАФОН СРЦКИ СДСМОВСКИ

СРЦКИ СДСМОВСКИ

Советничката Атина Мургашанска наместо со зборовите: „Почитувани медиуми, почитувана јавност, почитувани стари и нови Советници, директори на јавни и полујавни претпријатија (и сите почитувани од поколението на Јездимир Богдански), на вчерашната прес-конференција требаше да се обрати со зборовите:

„Наша мила Сузе, почитувани читатели на „Куманово њуз“, па на крај „(неис)почитувана јавност“.

Добро бе сдсмовци, вие во опозиција сте уште полоши!

Така ли мислите во иднина? Кој нов СДСМ?

Luxury Catering Service

Има и други медиуми во Куманово. Или тие што ве критикуваат не постојат и не ги викате на пресови.

Моите колумни ли ве болат? Преку 90% од вашетo членство ми кажа дека сè е точно. Дури велат дека требало поостро.

Знае јавноста, срцки мои сдсмовски, дека Сузе е ваша и под ваша контрола, дека вмровците немаат свој медиум (портал), дека Максо (Крсто) го контролира „Кумановски муабети“, а „Плоштад“ не го контролира никој, исто како што никој (политичар, моќник, стопанственик) не ја контролира ни фесјбук страницата „Кумановска горила“.

А нови колумни допрва ќе има. Вакви обраќања кон „јавноста“ само нè мотивираат дополнително да го вклучиме граѓанскиот вистиномер, што за разлика од вашите никогаш проработени мерни станици за загаденост на воздухот, многу прецизно ни работи.

М.С.