Почетна ЕДНО ПРАШАЊЕ ЕДЕН ОДГОВОР Едно прашање – еден одговор со Горила

Едно прашање – еден одговор со Горила

Плоштад: Му се јавивме на Горила да му кажеме виц: „Некој Бугарин отишол на гости во Англија кај своите роднини. Освен познатите знаменитости, тие еден ден решиле да му ги покажат и градските гробишта. Тој застанувал зачудено покрај надгробните споменици, каде секој натпис наведувал на многу краток живот на сите починати. Почнал и да ја жали судбината на мештаните, бидејќи никој од нив не живеел подолго од 20 години. Неговите роднини тогаш му објасниле дека на спомениците всушност не пишува на која возраст некој умрел, туку колку вкупно години од животот некој бил среќен. Бугаринот разочарано воздивнал: „Аххх, ако това е така, значи аз съм роден мъртъв!“

Горила слатко се насмеа, ги поздрави читателите на Плоштад и кратко изјави:

„Не стивнуваат реакциите од вчера објавеното видео со сечата на кумановските градски гробишта и предизвиканата штета од неа. Сосема друго е прашањето дали легално се направени настрешниците и клупите околу гробните места, а трето е дали „се чисти“ теренот за да се направи нов продажен простор за идни гробни места…Но, Горила не шпекулира никогаш. Горила поставува легитимни прашања. Инбоксот се полни со видеа на кои, едноставно, луѓето реагираат. И многу ми е мило поради тоа. Оти тоа е доказ дека се живи и дека се грижат еден ден да не им стои мала цртичка од година на раѓање до година на смрт. Живејте, драги кумановци и праќајте сѐ што мислите дека ви ги загрозува правата и слободите! И слободно коментирајте додека чекаме какво било официјално соопштение од надлежните“.

Luxury Catering Service