Нов скандал го „тресе“ Домот за стари лица „Зафир Сајто“ од Куманово. Потсетуваме, при крајот на септември минатата година, тука на порталот „Плоштад“, во рубриката „Дневник на Магдалену К.“, на еден сиров би рекле начин беше опишано доживување од сосема обична, приватна посета на еден од штитениците на Домот. Во продолжение, еве извадок од тој опис на посетата, што крена многу прав во јавноста и за кој авторот на текстот беше обвинет дека подготвува „хајка“ лично против главниот човек на оваа институција:
…„Стизам у старачки. Разлазија им се бршљан около клупе. Паркинс и Алцхајмер присутни на сви часови, поглед у очи на штитеници – отсутан. Министарство за (не)труд и социјалу сас најлошо поведение. Геријатрија на приземје, како и свако дно на беду од општествен систем. Откључуев ми невољно. „Молимо Ве да не ги покажуете емоције пред тетку Ви и њојни цимерке, знаете, к’т си отидете, после имав напад на гушкање спрема нас, а ми дали да ги пресоблачамо, дали да ги ранимо…не ги алите!“. „Разбирам другарице заповедник на логор“. Колко кошта да унутра плачем, не ву га кажа тој. Јасно ми е дека не е време, а место па ич, да се отвара расправа зашто толко јако смрди на људски фекалије на геријатриско оделење. Одговор увек ќе биде ист: немамо довољно кадар. И т’ј што га имамо не е добро платен.
За да су му толко лед студени ноге на некога, мора да е седеја умочан повише од 6 сата… т’мно, влажно…чкрапља искочи од едну собну розе папучу. Леву. Десну гу виде на огласну таблу: се бара од 2022 година. Цимерка на тету ме моли да ву дам телефон. Мисли дека још има деца. Вртимо на фиксан број, од онија још док бесва без четворку напред преко ПТТ, никој не се јавља. Вика ми убав дечко си, викам требало да биду, да им ебу нану на сви што дозволиле да живите овакој. Среќа што не гу знаев Ведрану Рудан да прочитав што напиша она за (не)бригу на деца к’т им излапавев или се разболив родитељи. Па, добро, папуча гу нема, али зашто сви носите по едну чарапу? „Изгубисмо ги по пут од кафану“, врти се накуде мене една склеротична госпоѓа, која, приметуе се, не искачала од дома без ладну трајну. Смее се без зуби, али упорно жвака нешто. Стра ме да не се удави, па ву помагам да извадимо семку од модру сливу. 2 сат е веќ попладне, а модри сливе имале ичера за ужину. Гади ми се свака испиена шљивовача.
Некој вришти у ходник. Како да га видеја Џек Николсона у филм Шајнинг. К’т се суочиш сас смртност и беспомошност, како пореалан биваш. Почнују да пцују. Онакој, пореално, посочно. И не гу осеќам више урину у нос. Дишу гу. Фроси у стетоскоп рубрику на „Плоштад“ вика треба правилно да дишимо. Диши мочке Магдалено, напиши си све у дневник, можда некој ќе га најде ед’н д’н у некој старачки дом куде што ќе мирише на лаванду и куде сви корисници ќе имав бар чарапе и папуче у пар.
Не покажуј емоције, не покажуј емоције. Мантрам до прву продавницу у коју на касу почнују да плачу. Па не сам понела торбу, а тегла за кафе зјае празна. Празна како душе на сви што давав согласности стари лица да живив у нехумани услови“…
Магдалена воопшто не е важна за денешниот текст. Овој пат, фокусот се префрла на вработените, кои излегоа со алармантни обвинувања против управата на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово.
Имено, вработените во Домот, избирајќи да останат анонимни поради страв од одмазда, доставија документи кои откриваат класичен модел на мобинг и вознемирување на работното место од страна на менаџерот на Домот. Овие документи, вклучувајќи и потпишани изјави од повеќето вработени, даваат мрачна слика на токсична работна средина обележана со закани, понижување и нефер третман.
Обраќањето на членовите на гранков синдикат при Дом за стари лица „Зафир Сајто“ (кое го објавуваме во целост), содржи прилично голем список на поплаки и загриженост за работните услови на вработените, а во рачно пишаните изјави дури има и наводи за погрешен третман на корисниците како резултат на лошо менаџирање, особено на лицата со болести за чија нега персоналот воопшто не е квалификуван. Кога персоналот е исцрпен, несоодветно третиран и деморализиран, на крајот на денот корисниците на Домот се тие кои најмногу страдаат, сакаше во својот дневник да напише уште еднаш Магдалена, но еве, вработените го кажаа своето. Тие многу храбро истапија во јавноста, апелирајќи до инспекциските и другите надлежни служби да повикаат на одговорност за овој системски неуспех што бара итна интервенција.
Што се однесува до директорот, Дејан Стојановски, тој допрва треба да ги коментира наводите. Сепак, она што ние како медиум сме должни да го направиме е да упатиме повик за независна истрага и заштита на вработените и будно да го следиме развојот на приказната во која кумановци од најхуманата фела, во 21 век, конечно се охрабрија да направат значајни промени – не само за нив, туку и за ранливите постари жители кои се потпираат на нивната грижа.
Овој случај нека послужи и како потсетник дека одговорноста започнува од врвот и дека борбата за правда на работните места често се вкрстува со борбата за основно човечко достоинство.
Фасцинантно е како директорските функционерски места можат да имаат толку голема тежина. Не се работи всушност за личноста која е на тоа место, туку колку брзо луѓето се соживеат со самата улога да бидат раководители.
Среќа па и голем дел од вработените во Дом за стари лица „Зафир Сајто“ воделе дневник. И по некој штитеник на Домот. Од оние без Алцхајмер и со две исти чорапи на нозете во местото кое мириса на лаванда и во кое има нови фотељи во фоајето и донација од дефрибилатор, за кој Стојановски неодамна ќе изјави: „да бидам искрен, никогаш не било во нашите планови да се набави една волку вредна машина за Домот“. Исто како Магдалена да каже во редакцијата „не ми било во план никогаш редакцијата да набави хартија за пишување или тетратка за еден дневник“.
Р.П.