Почетна Вести „Поздрава шанса на иднината 2“- Хуманитарна забава во „Гарден палас“ на ...

„Поздрава шанса на иднината 2“- Хуманитарна забава во „Гарден палас“ на 21 февруари

„Човекот станува великан соодветно на нивото на добробитот кој го прави за другите луѓе“,  ќе рече големиот Махатма Ганди. А за да биде великан и голем, не треба да си нешто повеќе од само добра личност со желба да помогне.

Несебични, вредни и секогаш тука со својата благородна мисла и акција, да помогнат каде што треба, особено ако тоа го прават за заедницата во која живеат – тоа ги краси големите луѓе.

Во таа насока „Ротари клуб Куманово“, „Ротаракт клуб Куманово“ и „Инервил клуб Куманово“ со хуманост од срце продолжуваат со донации. По успешната реализација на иницијативата „Поздрава шанса на иднината“ овој пат, нивната поддршка е насочена кон Гинеколошко – акушерското одделение при Општата болница во Куманово.

Luxury Catering Service

Во продолжување на својата благородна мисија во петок, на 21.02.2025, организираат донаторска вечера во големата сала на ресторан „Палас Гарден“ од 20 часот, со цел да се соберат дополнителни средства за поддршка на здравствените установи.

А има ли нешто поважно од здравјето? Тоа е на прво место.

– Ве покануваме и очекуваме да ни се придружите и заедно да направиме разлика!, порачуваат клубовите – организатори.

Капка по капка море, хуманост по хуманост подобра иднина за сите.

Забавата е и нова прилика за дружење, солидарност и несебичност, патем и за ширење корисна порака, и е многу повеќе од обична забава – ја претставува силата на заедништвото, љубовта кон својот град и сограѓани, кон заедничката иднината, кон духовноста и традиција, и ја прикажува длабоката посветеност на заедницата.

Правењето добро го напојува со среќа и срцето на тој што го прави тоа. Правете сѐ што можете, еден ден вредноста на доброто ќе биде голема и доброто што го правите денес можеби е среќа која утре ќе заврши на ваша сметка.

А, доколку сте љубители на уметноста нема да одолеете на сликата донација којашто ќе биде на аукција, од проф. д-р Зоран Јакимовски, со наслов „Преку езерото“. Нешто што ќе ви остане и за вечен спомен на Вашиот хуман гест, и ќе трае и по песните, дружбите и шегите од таа прекрасна ноќ…која се најавува за 21 февруари 2025 година во „Гарден палас“.

Р.П.