Почетна МОЈАТА АЗБУКА Азбука на Никола Лазаровски

Азбука на Никола Лазаровски

Никола Лазаровски е советник во Советот на Општина Куманово од партијата Левица. Кога го побарав и му понудив да биде наш гостин во рубриката – Мојата азбука, неговиот одговор беше спонтан и веднаш одговори: „Ааа, знам за рубриката. Баш е интересна и вистински предизвик.

Пиши:

А како Апасиев. Најхаризматичниот политичар во Македонија и иден премиер

Б како борбеност

Luxury Catering Service

В како времето што нѐ гази. Немаме време за губење…“

„Чекај бе Никола“ – му велам. „Ајде скоцкај убаво и прати на маил.“ „Ма знам, зезам се. Кажи кога е крајниот рок.“ И ни прати. Подолу ќе ја читате неговата Азбука.

Никола е дипломиран правник, а во Куманово му пречи непотизмот, партиските вработувања, криминалите, сомнителните тендери…

Во Левица е бидејќи претставува бескомпромисен коректор на власта.

А

АСНОМски идеали и вредности!

АСПАРАГУС, што е тоа?

АНАНАС, и тоа ли?

Б

Безусловна борба за промена на системот!

Барем да го сакаа градот.

Биста на Магделена Антова мора да се врати!

В

Вистинската страна во политиката!

Во борба, во борба, во борба македонски народе!

Власта да не го игнорира предлогот на ССМ за покачување на минималната плата!

Г

Гордост е да си Левичар!

Д

Достоинство, добронамерност и длабоко залагање за промена на трулото општество.

Другари навистина, доста беше!

Ѓ

Ѓубре около „Красту“ – соодветна ограда на депонију нема, пожари на „Красту“ има, до к’д?

Е

Ернесто Че Гевара – „Револуцијата не е портрет, таа е пејсаж.“

Епа збогом патриоти на батерии!

Ж

Жикица Јовановиќ – Шпанац

Жмицко…

Жална е државата со вас.

З

За подобро општество, за подобар живот, оти истиот е неопходен веднаш!

Збогум багро!

Ѕ

Ѕвоно ѕвони, вели – „Народе пробуди се, време е, доста те газеа, слободата е во твои раце, земи ја!“

И

Истрајност, вечниот мотив за победа и безусловна борба!

Искрата во мракот стана оган!

Ј

Југославија тоа што го изгради, вие за 34 години уште не можете да го искрадете!

К

„Како на вратот гердани ниски камења студени така на плешки денови легнале та натежнале, денови ли се денови аргатски маки големи!“ – Рацин.

Куманово заслужува подобро!

Л

Ленин – „Демократија за незначително малцинство, демократија за богатите – тоа е демократијата на капиталистичкото општество!“

Љ

„Љубов за живот голема, љубов за живот човечна у вија гради аргатски“ – Рацин.

М

Маркс беше во право!

Мал плоштад, приказна без крај …

Н

„Наше Куманово“, „Наша Македонија“ на крај само за њин џеб и њин личан интерес!

Нато, Нато, туѓо злато, спасите ги сви, сви га здраво окркасва, само још и ми.

Непотизам – прва одлика за Куманово!

NO PASАRAN!

Њ

Његушки пршут за олигарсите и нивните полтрони во фотељите, леб и сол за работниците!

О

„Очи“, Ацо Шопов – „Последната вечер в планинското село, кај борците беа во дрипава дреа, со пликови жешки на стапалки тешки и смрштени чела згасени, мразни ко нивните пушки укочени, празни и нечујно, глуво, ко здушена, река се точеше шепот од уво до уво – утре друже в зори страшен бој не чека, а ние сме малку, сал неколку души!“

П

Пиреј

„Пуст да би останал животот кучешки“ – Рацин.

„Пада влада“

Приватен авион до Будимпешта!

Патни трошоци и за работниците!

Победа!

#Пакдасигигласате!

#Патриотинабатерии!

Р

Рацин – „Црвениот поет“!

Револуција!

Работникот ја троши платата на сметки, пратеникот ја троши државата на километри!

С

Секогаш на вистинската страна на историјата!

Смрт на фашизмот слобода на народот!

Т

Театар конечно дали ќе добие Куманово?

Ќ

ЌЕ (ГИ) ПОБЕДИМЕ! Тоа ни е од Рацин аманетот.

У

Уште еднаш народот нема да ве гласа!

Ф

Фали много, фали све за ов’ј наш град!

Х

Христијан Тодоровски Карпош, великан кумановски, а споменик од њега још нема!

Ц

Цел свет знае дека имамо најскуп семафор у салу, а ни ед’н семафор не работи низ град!

Ч

Чистота и зеленило, постои ли такво „предузеќе“, работи ли ???

Џ

Џабе клиентелизам, џабе непотизам, џабе лажан патриотизам, не ве бива више, пакујте куфери!

Ш

Што ќе направи локална самоуправа у 2025г. за град ? – Ваљда ништо како и до с’г!