За еден професор по одделенска настава со три децениско работно искуство како учител, педагог, едукатор, мотиватор, навистина е доблест да ја сочува својата насмевка и харизма по што е препознатлива. Особено преку топлите прегратки со кои ја искажува родителска поддршка, охрабрување, закрила, пријателската грижа. Најблиските ја опишуваат како секогаш активна, посветена на семејството, на работата што со љубов ја работи.
Таа е и магистер по економски науки, член на Здружение на просветни работници на Македонија, координатор на Здружение на одделенски наставници – ЗОН, прогласена е за Top lider – Global Trainer Academy.
Токму нејзиното богато CV, со многу сертификати и освоени награди со учениците на државни и меѓународни натпревари го заинтригира Плоштад да ја дознае нејзината Азбука…
А
Азбука, атрактивност, амбиција, „ Алхемичарот “.
Анастасија, Андреја – гордост ми се, моите внуци, најмили на нина;
Б
Божиќ, најубавиот христијански празник.
Бранка, мајка ми – силна, мудра, интуитивна, полна со љубов, секогаш моја безрезервна поддршка и љубов.
Благодарност на Бог за сѐ што имам.
Бисер, благослов, бериќет, библиотека, благодат;
В
Верба – верувај во себе и во својата интуиција.
Г
Гордост, големина, гимназија, галерија, гимнастика.
Грациозност – сакам околу мене грациозни, мили, драги, шармантни ликови што поседуваат хармонија, пријатни, природни…
Грозде – брат ми, поранешен фудбалер, професор и тренер на ученици.
Д
Дамјан, моја прва љубов, среќа, радост, гордост на мама, дарежлив, несебичен, трпелив, смирен, интелигентен, победник, перфекционист, авантурист.
Детство исполнето со многу љубов, топлина, детските игри, најубавите години поминати со братучедите, другарувањето и палавите игри со нив…
Другарство, дарежливост, добронамерност, добрина;
Ѓ
Ѓеврек – највкусен кога го делиш со блиски луѓе, обично појадок во училиште.
Ѓердан – бисерен, од букви, од броеви, од зборови (во секоја смисла);
Е
Емпатија кон сите, почнувајќи од моите ученици до возрасните – моја особина.
Енергија – позитивна, по која сум препознатлива.
Елоквентни личности – особено ми се драги.
Егзипери „Малиот принц“;
Ж
Живко – татко ми, човек со големо срце, душа мека ко памук, личноста која најмногу ја сакав, неговите мудри совети, неговата поддршка и несебичната љубов што ми ја даруваше.
Жена – цврста, љубена, мајка, кралица;
З
Збор – дадениот збор секогаш го исполнувам.
Зумбули – спомени од детството, двор полн со цвеќиња и прекрасниот мирис што секое пролетно утро ме буди;
Ѕ
Ѕвоно – училиште, весел детски џагор.
Ѕуница, ѕвезди;
И
Интуиција што речиси никогаш не ме изневерува.
Итрина – моја карактерна особина.
Институција, интелигенција;
Ј
Јазик – македонски јазик.
Јазикот е како бисер сјаен,
најсјајна ѕвезда што силно блеска.
Јазикот е моќ, култура, традиција,
мајчиниот јазик, мојата душа, моето Јас.
К
Книга – со задоволство купувам и подарувам, читањето е одлична вежба за концентрацијата.
Книжевност, книга, катедра, креда, кокиче.
Куманово – мојот роден град…
Л
Личност – човечко суштество со одредени атрибути, морал, свест, самосвест, разум…
Личен идентитет е единствениот идентитет на лицата низ времето.
Лојалност, лидер, литература, лектира;
Љ
Љубов – искрена, нежна, чиста.
Љубезност искажана со зборови, постапки , учтивост и убави манири, со покажување длабока љубов и емпатија кон луѓето;
М
Мартина мојата инспирација, љубов, гордост, мојата ќерка, полна со добрина и емпатија, културна, снаодлива, иден психолог – секојдневно ме исполнува со радост, среќа и многу љубов.
Мајка, мила, младост, мудрост.
Марко – тетино прекрасно умно момче, љубов голема;
Македонија – татковина вековна, убавина, богатство, љубов, завет, вековност…
Н
Надеж, новитет, нежност, научен труд, научен собир, наука.
Нада – тетка ми, најсилна личност, мудра, секогаш со добронамерни совети, моја инспирација од мали нозе;
Њ
Њујорк – градот од соништата…
О
Оливер, маж ми – олицетворение на добрина, љубов, емпатија, мудрост, моја најголема поддршка.
Очи – огледало на душата, во нив ги чувствувам емоциите на луѓето.
Очила за сонце, огледало, олицетворение;
П
Поп-Арсова, горда на своето презиме и семејство, уникатно, единствено што со гордост го носиме.
Поезија – Есенин, Лорка, Превер, Тагоре… мелем за душата.
„Пиреј “ Петре М. Андреевски.
Перфекција, префинетост, просперитет, професор, проекти, перформанс;
Р
Радост за сите успеси на моите деца, ученици, воопшто на секој постигнат успех.
Роденден, најубавиот ден во годината, полн со возбуда, среќа и најубавата роденденска торта.
Респект, разбирање, рима.
Рим – вечниот град, место каде што минатото и сегашноста се спојуваат во една долга приказна која трае со векови;
С
Среќа, самостојна, сакана.
Спасовска, моето моминско презиме.
Самодоверба – секогаш ја имам, ме води кон успеси!
Соколана, Соколански парк, најубавите спомени од детството и младоста.
Стразбур – La Petite Francе;
Т
Тактика – во вистински момент и вистинско време.
Точност, телефон.
Триаголник – педагошки триаголник: наставник, родител, ученик.
Тајни – секогаш ги чувам најслатките тајни на моите ученици.
Татко – силен, праведен, мудар, храбар, чесен;
Ќ
Ќерка – мојата принцеза што ми го разубавува животот, моја мотивација, среќа и радост.
Ќуп, ќеиф, ќебап;
У
„Убавиот збор – железни врати отвора“.
Уникатни – бидете свои, не копирајте никој друг!
Училиште, уметност, убавина, ум, уреден, урбано.
Ученици – бројните мои генерации, некои од нив веќе изградени личности, мојата гордост што со љубов и радост ја носам;
Ф
Фотографија – уживам во фотографирање.
Фудбал – фудбалер, татко ми и барат ми, познати во овој спорт, секој во своето време;
Фалбаџии – оставете друг да ве пофали и воздигне;
Х
Холандија – преубава земја каде што живее и работи син ми.
Хумана, храбра, харизматична.
Хумор, хербариум, херој;
Ц
Цвет, цитат, цутење.
„ Ц 3 “ – мој синоним;
Ч
Биди човечен, чесен – биди човек!
Чоколадо, чај.
Читање…
Џ
Џ, 30-тата буква од македонската азбука.
Џамлии, џудо, џип, џем;
Ш
Шапка, шал, шегобиец, штикли.
Шармантна личност…