Во рубриката Стетоскоп ни гостува д-р, спц. по кинези-терапија и рехабилитација, Филип Наумов, кој одговори на најчесто поставуваните прашања на денешницата, поврзани со неговата експертиза. Ќе ве интересира со сигурност!
1. Која е најчеста дијагноза која што ја третирате во вашата ординација ?
Најчести третирани дијагнози во нашите ординации се од патологијата на р’бетниот столб. Ова подразбира синдроми на ниво на вратниот, грбниот и лумабланиот р’бет. Најчесто сите овие синдроми се проследени со болка, грч (спазам) на мускулатурата, ограничени движења и често пати одат со проектирана болка долж рацете и нозете. Во центарот за рехабилитација НАУМОВИ, освен оваа патологија, вршиме и третман на деца со посебни потреби (даунов синдром, церебрална парализа, разни форми на успорен психофизички развој). Во тимот се вклучени различни профили: физиотерапевти, дефектолози, логопеди, психолог и кинези-терапевт.
2. Дали навистина од седење пред компјутер (или седење во неправилна положба на кое било работно место) може да бидеме сите искривени?
Долгото седење и недостаток на физичка активност, неправилно држење на телото можат да доведат до искривување на ‘рбетот во детската возраст, до 17 години, кога завршува растот. Кај возрасните, долгото седење доведува до појава на гореспоменатите синдроми на ‘рбетниот столб.
3. Како најуспешно се лекува discus hernia?
Дискус хернија претставува излегување на дискусот (пролапс) од неговото лежиште помеѓу два соседни пршлени во ‘рбетниот канал и последователен притисок на нервите што резултира до појава на болните синдроми. Генерално има два начина на лекување: симптоматско и каузално. Симптоматско лекување претставува третман на симптомите: намалување на болката, намалување на спазмот на мускулатурата и враќање на слободните движења во ‘рбетниот столб. Тоа се овозможува со лекови, инфузии, блокади, акупунктура, масажа и физикален третман. Каузалното (причинско) лекување се врши со компјутерска де-компресивна терапија (ДТС), која ја поседуваме во Др-БАТО), како и хируршка интервенција.
4. Физио-терапија и/или масажа? Објаснете ја дистинкцијата помеѓу овие третмани и кога е неопходно да се практикуваат двете.
Физикална терапија е третман со природни модулирани агенси (светлина, разни модулации на струја, ултразвучна енергија, магнето-терапија, ласер-терапија). Масажа е третман на човековото тело со допир (раце). Во пракса овие два вида на третмани се комплементарни, т.е. се дополнуваат. Освен тоа, масажата често пати се користи како рекреативна процедура. Во нашите ординации масажата ја даваме во склоп на физикалната терапија (лечебна масажа ), а нудиме и релаксирачка масажа.
5. Сé повеќе се зборува, чита и слуша за алтернативна медицина и физичка активност. Како современата медицина се вклопува во предизвиците на алтернативното, народно и природно?
Алтернативната медицина е сé она што не спаѓа во конвенционалната медицина ( сé што западната научна медицина не го прифатила како вид на лекување ). И покрај негирањето на конвенционалната медицина кон алтрернативната терапија, таа сé повеќе зазема простор од страна на луѓето. Во алтернативна медицина спаѓаат повеќе методи и практики на лекување: акупунктура, фитотерапија, јога, медитација, арома терапија, хомеопатија и др. Наш став е дека спојот на овие два вида на лекување треба да се надополнуваат. Физичката активност секако е една од најдобрите за превенција од разни болести (спортување, пешачење, пливање итн.)