Во недела, на 17 март, на спортскиот терен во Соколана, по втор пат се одржа една празнична забава по повод големиот христијански празник Прочка. Инаку, оваа иницијатива потекнува од нашиот долгогодишен спортски работник, Миодраг Јовановски – Црни, кој е горд на своето потекло од соколанското маало и кој со голема љубов и ентузијазам, проткаени со носталгија за културно-забавниот и спортски живот во и околу Соколана, и годинава се потруди да најде по некој спонзор, да обезбеди простор за најмалите да му се радуваат на традиционалниот прескок преку огнот – нашиот симбол за доаѓање на пролетта, за почетокот на богоудните пости и прочистување на душите пред Големиот Воскрес. Редакцијата на Плоштад го најави настанот и ги повика кумановци да дојдат макар од љубопитност, а даде и свое видување за атмосферата од ноќта кога сите Христијани, па дури и повеќе од половина жители на Соколана беа по гости и на гости и не дојдоа да го прославиме празникот сите заедно. За оние кои од кои било причини не дојдоа на прославата на Прочка во неделата, догодина сигурно ќе имаат поправен испит, и тоа, според зборовите на организаторот, од внатрешноста на реновираната спортска сала Соколана. Еве како, меѓу другото, Црни ги поздрави присутните во својот поздравен говор.