Почетна МОИТЕ ТОП 5 МОИТЕ ТОП 5 со Марија Колевски

МОИТЕ ТОП 5 со Марија Колевски

Таа е толку млада, а веќе „стара“ читателка. Чита многу. Од книгите се инспирира и мотивира. Ја има тајната формула за успех при следење на сништа. Романтичар во душа, се разбира. Ја слуша баба си и не патува често со воз. Букси е врв на нејзината креативност – Марија, жената која ја создаде урбаната читална во нашиот град!

ПЕСНИ

1. Supergirl – Reamon – моја можеби најомилена песна, со силна порака за силата која ја носиме.

2. Libar – Gibonni – емотивна и прекрасна песна која секогаш ве враќа години наназад.

3. Тоше Проески – Илузија – не може да има листа на омилени песни без песна на Тоше. Сите ги обожавам, но песнава ми е најубава мене лично.

Luxury Catering Service

4. Shakira – Underneath your clothes – оваа песна беше една од оние кои ги пеев во средно на моите настапи, дали со бенд или соло, па така секогаш ме навраќа на средношколските денови.

5. Верица Ристевска – Галебе мој тажен – кога би бирала некоја стара наша песна, оваа ми е секогаш на листа! Бидејќи сум личност која освен во мелодијата обожава текст, па секогаш се поврзувам, затоа и ми е тешко да кажам дека имам омилена песна од новите, но старите песни се песни со содржина, со душа, со емоции, со љубов, со копнеж.

КНИГИ

1. Untamed – Glennon Doyle – книгава беше едно прекрасно доживување за мене. Ми беше препорака од една позната менторка од Србија, која ја порачав, ми стигна и чекаше ред да биде прочитана. Но јас верувам дека секоја книга нас нè повикува, нè бира, па така и книгава ја прочитав во момент кога ми беше потребна. Книгата носи силна порака, за скротувањето и за слободата, за изборите што ни се дадени на сите, секогаш. За моментот кога треба да се одбереме себеси.

2. Големата магија – Елизабет Гилберт – книга која беше мојата мотивација за да преземам многу чекори! Од кои може најважниот периодов – донесување одлука за Букси. Многу моќна, инспиративна и освестувачка. Моментот кога ќе сфатиме дека една идеја не ни е дадена само нам, туку таа бара да биде исполнета – е моментот кој ќе нè предизвика на акција.

3. Калуѓерот што го продаде своето ферари – Робин Шарма – за оваа книга во моите стари дневници имам напишано “Книга што го промени мојот живот”, моментот кога тргнувам од теорија во пракса, моментот кога се шират моите хоризонти и кога си давам дозвола да сонувам како кога бев дете.

4. Eat, pray. love – Elizabeth Gilbert – првата од Елизабет Гилберт која ме држеше под силни емоции со недели! Колку ја живеев нејзината приказна, како уживав во интензитетот на дејствата, како уживав во нејзиното повторно пронаоѓање и нејзината дозвола да се избере себеси, нејзината храброст, нејзината моќ да донесува одлуки.

5. Малиот принц – Антоан де Сент Егзипери – толку мала, а толку моќна, толку лесна, а сепак тешка за разбирање, за доживување, за уживање!

ФИЛМОВИ

Во принцип сум личност која повеќе сака да гледа серии отколку филмови, бидејќи сакам подолго да уживам во дејствата, а кога се филмови во прашање, уживам во романтични филмови, голема плачка сум, но исто така, уживам во трилери и авантури. Не сакам никако хорор филмови или научна фантастика, едноставно не уживам во нив, па и ги избегнувам и претпоставувате, мојата листа главно ќе биде со филмови кои се романтични или со некоја силна порака, но секако се филмови кои ги имам гледано повеќе од 3 пати.

1. Last night
2. Chocolat
3. The beach
4. Matrix
5. Bohemian Rhapsody