Почетна Дрим Тим Бошко Тасиќ Спортски новинар

Бошко Тасиќ
Спортски новинар

Бошко Тасиќ работи како спортски новинар 23 години. Досега бил дел од многу медиуми. Радио Куманово, Сити Радио, Радио Браво, Спортско Радио 903, Канал 4,  Спортско Радио, Home Радио, Радио Слободна Македонија итн.
Работел на голем број на ТВ проекти, емисии, настани и соработувал со спортски федерации и тимови. Моментално работи како како спортски новинар и коментатор во порталот курир(www.kurir.mk).
Нашата редакција го праша да биде дел од нашата нова рубрика, а тој со задоволство го состави својот дрим тим, од играчи кои настапувале или настапуваат за нашата репрезентација низ годините.

Тешка задача ми зададе, но се надевам дека ќе успеам да го составам тимот од играчи кои за мене оставиле трага.

Во моите 23 години како спортски новинар многу фудбалски имиња ми оставија трага во нашата држава и за кои може да кажам дека ќе биде неблагодарно доколку не ги спомнам, но ќе гледам да бидам колку што можам објективен.

Luxury Catering Service

Навистина имав среќа како професионален новинар да известувам од голем број на фудбалски натпревари и да правам интервјуа и затоа знаејќи ги и лично нив, ќе се потрудам да го направам составот во формација 4-4-3 со тоа што во тимот ќе ставам 13 фудбалери затоа што не можам некои од нив да издвојам или да не ги спомнам.

И тоа баш на голманската позиција. Двајца – едниот е големиот Петар Милошевски кој за жал не е меѓу нас, кој беше неверојатен голман, неверојатен професионалец и човек, без ниту една дамка зад своето име и во својата кариера.

Нашата репрезентативна единица и сограѓанин Столе Димитриевски на кого „Ла Лига“ му се поклонува, пантер меѓу стативите и голман за кој допрва уште толку ќе се зборува. Ги паметам неговите почетоци, а уште не ми излегува од глава мечот против Анортозис и кога ги бранеше боите на Работнички и беше еден од творците на големиот успех на македонскиот преставник таа година во Европа.

Десен бек, повторно наш сограѓанин. Што да правам – локал патриот сум. Вујадин Станојковиќ – без него не бива. Дете бев и ми беше мило кога го гледав како ги брани боите на белградски Партизан и поранешна Југославија. И на оваа позиција ќе дуплирам Стефан Ристовски, борбен спремен, импресивна кариера на клупско и репрезентативно ниво, моментално член на Динамо од Загреб.

Централни бекови, неверојатниот двоец и некогашни фудбалери и репрезентативци на Македонија – Гоце Седлоски и Николче Новески. Едниот икона на Динамо Загреб, другиот на Бундес лигашот Мајнц. Дефиниција за штопери, народски кажано. Лев бек уште еден поранешен фудбалер и репрезентативец – Горан Попов. Богата кариера и играч кој е еден од малкумината наши фудбалери низ историјата кои играле во Премиер лигата.

Последен играч за врска – Аријан Адеми – храбар, одлучен, конкретен на средината од теренот со феноменална перцепција за игра. Хрватите го бараа да игра за нив, но неговото срце одлучи да игра за Македонија со која обезбеди пласман и настап на ЕП во фудбал и беше еден од носителите на играта на нашиот национален тим.

Следниот во средниот ред е Енис Барди. Заштитен знак му се прекините што му се како удар од 11 метри, но и неговите асистенции се подадени како со рака.

И, последниот во средниот ред кој ме импресионираше со неговото фудбалски знаење е Давид Бабунски. Фудбалер кој како млад играч беше дел од славната Барселона и еден од играчите кои ја одведоа нашата млада фудбалска репрезентација на ЕП во Полска за фудбалери до 21 година.

Нападот  – ќе бидам краток – трио фантастико фудбалери за кои нема да трошам зборови оти имињата зборуваат сé: Горан Пандев, Дарко Панчев и нашиот сограѓанин Саша Ќириќ, со тоа што Гочо би го повлекол зад двете класични деветки, затоа што струмичанецот има и невиден сенс за проигрување и асистенција, а таа улога и целосно му одговара.

Р.П.