Почетна Дрим Тим Драган Стевковски Соколански Пижон

Драган Стевковски
Соколански Пижон

Драган Стевковски е Соколанско дете. Некад играја страствено фудбал, с’к само гледа и страствено навива. За рубрику Дрим тим, умешно саставља селекцију на коју и сам би могаја да ву се придружи, макар како селектор. Џабе не е наш Пижон.

1. Живан Љуковчан

Секогаш скромен, но сигурен голман. Првин во сенка на Дико Станојковиќ, потоа тежок прелом на раката му се случи во 1983 г. Направи пауза, па отиде како позајмица во Тимок- Зајечар, Пелистер и Будуќност. Со јака волја се враќа во Звезда и конечно станува прв голман. Во1986 г. заминува во Фенербахче.

2. Златко Крмпотиќ

Luxury Catering Service

Уште во тоа време беше бек за ова време. Продорен, брз и технички стокмен.

3. Бошко Ѓуровски

Преку 500 натпревари во Звезда. Сé кажува.

4. Среќко Катанец

Стамен Словенец. Одличен и комплетен фудбалер. „Радилица“. Една од ѕвездите на преодниот рок за фудбалери во 1986 г.

5. Велимир Зајец

Многу добар и благодарен играч за екипата. Мозок. Командант на одбрана, а по потреба можеше да игра и среден ред. Популарен како Динамово Медо, Меко или Зеко.

6. Марко Елснер

Мал по раст, но ладнокрвен, секогаш на висината на задачата. Во тоа време, незаменлива карика во звездената халф линија.

7. Владимир Петровиќ

Пижон, легенда. Неговата топка имаше очи. Јак техничар. Индивидуалец.

8. Драган Стојковиќ Пикси

Дете од Паси ливада. Скапоцен камен. Замена во преоден рок за Милко Ѓуровски. Велемајстор и магионичар со топка. Неговите голови и потези се влезени во историјата. Повредата на коленото го уназади за поголем успех во кариерата.

9. Драган Манце

Жално е како во 1985 г. трагично го заврши животот. Играч кој едноставно живееше да постигне гол. Господин во копачки.

10. Милко Ѓуровски

Ѕвезда, легенда. Чернобил, 1986 г., го здрма целиот свет со хаварија, а Милко истата година Југославија со преминот во Партизан. И ден денес се зборува за тоа, по дури 38 години. Еден е Милко.

11. Небојша Вучиќевиќ-Ушке

Дриблер на мал простор. Потез играч и секогаш меѓу најдобрите. Јак имиџ. Долга коса, фраер. Си замина од овој свет многу млад.

Р.П.