„Папокот на Светот“- Венко Андоновски
„Виното опива и виденија дава; и книгата опива и виденија дава; и папокот на жената опива и виденија дава; изгледа дека тие три нешта воопшто не се толку различни колку што се различни зборовите за трите нешта. И јас знаев: не постои еден папок, едно среде на светот, оти на три е разделено: на чаша, папок женски и слово. Исто како и светлината што ја гледав, а што беше и боја и музика и светлина едновремено. А сепак тоа беше Едно. И знаев дека несреќата на човекот е во тоа ра- зединување: од едно да се направи многу, наместо обратно да биде. Оти блажен е, среќен е оној кој ќе успее да ги спои светлината, бојата и музиката; блажен и среќен е оној што од папокот на жената љубена, од словото свое и од чашата вино ќе сотвори Едно, оти само тогаш ќе го најде, ќе го означи средето на светот. И средето ќе биде во него, и тој во средето.“
Ова е краток извадок од незаменливото дело „Папокот на Светот“ од Венко Андоновски, која е добитник на многу награди и има зад себе 18 изданија.
Две приказни кои се огледуваат една во друга, по единаесет столетија: Константин Кирил Филозоф, во дветтиот век, во Константинопол трага по значењето на еден мистериозен запис, кој ја крие љубовната тајна на светот. Завидливците сакаат да го убијат. Јан Лудвик, лик од дваесеттиот век, во Македонија, во огнен политички национализам, трага по значењето на еден таен генетски запис што се вика – Луција, обична девојка во која е вљубен. Завидливците сакаат да го убијат. Љубов кон знаењето и љубов кон жената – ист пијалак во иста чаша? Страст и љубов кон мистериозни писма, страст и љубов кон мистериозни жени. Што е смртта? Единствен можен среќен крај за толку големи идеали….
Текст по повод шеесетиот роденден на Венко Андоновски.
Среќен Роденден голем човеку!
„Папокот на Светот“- Венко Андоновски
Книгата е достапна во нашата книжарница.
Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.