Почетна КУПУВАЈТЕ СО НАС КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

КУПУВАЈТЕ СО НАС
Книжарница „Букси“

„Алхемичарот“ – Пауло Коељо

„Алхемичарот“ е најпознатото дело на Пауло Коељо, книга која е преведена на повеќе од 20 јазици, во над 50 земји во светот.

Алхемичарот е книга, своевидна филозофска сказна што критичарите ја споредуваат со Малиот принц, култната книга на Сент Егзипери. Бидејќи сонот и преголемиот животен оптимизам во ова дело, од авторот се толкувани не како бегство, туку како начин за осознавање на реалноста.

Luxury Catering Service

Книгата е повест за едно долго и макотрпно трагање по сопствената среќа. Младиот андалузиски овчар Сантијаго тргнува во потрага по закопано богатство во египетските пирамиди. Воден од еден алхемичар низ пустината, тој ќе научи да си го слуша срцето, да ги чита знаците на судбината и, што е најважно, да го следи до крај својот сон.

Алхемичарот – посветена на детето во нас, детето кое секој човек го носи, чудесна и филозофска приказна што не учи дека животот е една голема книга во која секој би можел да ги дешифрира знаците, доколку само се обиде да го чита своето срце.

„Секогаш настојувај да знаеш што сакаш“

„Никогаш не откажувај се од своите соништа“

„Кога ќе посакаш нешто, целата Вселена ќе скова заговор за да ја оствариш таа желба“

Доколку овие цитати ви звучат примамливо, тогаш книгата е онаа вистинската з авас во овој момент!

„Алхемичарот“ достапна во нашата кафе-книжарница Букси.

Марија

Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.