ПРОЕКЦИЈА НА ДОЛГОМЕТРАЖНИОТ ФИЛМ ЗА КУМАНОВСКАТА СЦЕНА ОД ДЕВЕДЕСЕТТИТЕ И ЗА КУЛТНАТА ГРУПА „THE HIP“
На 18 септември, среда, со почеток во 19 часот, во просториите на Занаетчискиот Дом ќе биде прикажан долгометражниот музички документарен филм „The Hip – Brainstorm“ на режисерот Јане Алтипармаков. Филмот „The Hip – Brainstorm“ е продолжение, своевидно документарно надополнување на долгометражното дивиди-видео издание „The Hip – Reality Overdrive“. Автор на оригиналната идеја е Љубиша Петрушевски, продукција и монтажа – Михаил Димитров, звучен дизајн: Валентин Видовиќ, директорка на фотографија – Наташа Гелева, а снимателка е Ања Илиева.
Во филмот се појавуваат: Васко Атанасовски (Бернајс Пропаганда, Балкан Велики), Toшо Филиповски (автор на првата сеопфатна македонска рок енциклопедија), Саша Павловиќ (Suns), Ивица Димитриевиќ (SIZ), Мирко Попов (PMG Kolektiv), Костадин Шурбановски (Канал 103), Сеад Хаџиќ – Сецко (Last Expedition, Mooger Fooger), членовите на Музичка младина – Куманово и на бендовите The Hip, Morbid Joker, Т.Б. Трачери. Во филмов ексклузивно се измонтирани архивски снимки од настапите на Електрични Оргазам, Екатарина Велика, легендарните Nirvana, Psychic TV, Buzzcocks, Sonic Youth, Young Gods.
…John Robb, познатиот британски музичар и новинар (басист и пеач на пост-панк бендот од 80-тите, „Мембрани“), за време на неговиот краток престој во Скопје ја продуцира новата песна на групата – UFO. Песната беше снимена во студиото “Тралала”. По враќањето во Англија, Robb направи рецензија за неговата посета на Македонија во која посебно ја истакна групата The Hip како водечка снага на тамошната сцена. Текстот беше објавен во најценетиот музички неделник “Melody Maker”, во бројот од 25 Март 1995 г. Во екот на најголемата популарност, THE HIP, со право, беа главните ѕвезди на првиот “Летен Рок Фестивал” организиран во јуни 1995 г., во Куманово…
Нема потреба од поголемо потсетување на нивната биографија.
Панкот не може да умре. Барем не кога свират THE HIP. И вие тоа го знаете. Само сега треба да го претставиме и на нашите “Gen Z” деца, кои премногу се затруени со лош рап, хип-хоп и „екс-ју“ глуповштини.
Четврток, Занаетчиски дом – Куманово, 19 часот. Punk rock is the freedom to create, freedom to be successful, freedom to not be successful, freedom to be who you are. It’s freedom!
Р.П.