Почетна МОЈАТА АЗБУКА Азбука на Анита Димовска

Азбука на Анита Димовска

Анита многу сака рима, па најавата за неа си доаѓа како плима. „Инглиш тичер“ е и на чело на Здружение на просветни работници; кога се подготвува за секој час, за неа не постојат креативни кочници. Елегантна, одмерена, внимателна, стручна и срдечна, за читателите на Плоштад направила азбука што е во категорија „вечна“.

А

Ајде, арно да биде!

Б

Благодарност, благост, блиски људи и благодети безброј

Luxury Catering Service

В

Вредности – онија трајни, ведрина, верба и восхит

Г

Гушкање

Д

Душа, дома, доблест, добри дела, другарство – искрено и право, детство како дар – безгрижно куде бабу и деду на Циглански пут и достоинство – држава да га врати на народ и на моју фелу

Ѓ

Ѓердан – мисли нанижани и напишани

Е

Енергија, елан, ентузијазам, емоција, еко-свест и еко-активизам

Ж

Жар и животна радост

З

Здраво и на здравје

Ѕ

Ѕвездено небо и ѕуница

И

Искреност, идеја, игра, инвентивност, имагинација и идеали – итно у моду да бидев

Ј

Јадран – наше и мое море и јадро

К

Куманово и кумановски, креативност, култура и карбонара

Л

Лојалност

Љ

Љубав

М

Милост, мајка, музика и Македонија

Н

Нега на дух, нада, новитет и носталгија

Њ

Његов (све)мир

О

Одговорност – лична и граѓанска

П

Поддршка, поттик, почит, поезија и проза, природа – почесто пешки или с’с точак

Р

Родители, разбирање, раст и развој – личан и колективан

С

Сончевина, срдечност, смирение, свет(л)оглед, слобода и сказни рој

Т

Топлина

Ќ

Ќерка ми Бела

У

Уметност и учење доживотно

Ф

Фамилија и фотони за добру фотографију

Х

Хуманост и храброст да бидемо свои

Ц

Цел свет на дланку и цвет како пасија и од дедо Панчу аманет

Ч

Човекољубие, чест, чесност и чоколада – кој признава пола му се додава 🙂

Џ

Џебови пуни успомене

Ш

Шир – морска и духовна, школа (и една и друга) од кои не се отпишују зашто тамо су ми деца мили и посебно драги људи