Почетна ШТО ЌЕ ПРАВАТ ДЕНЕСКА Што ќе прават денеска – Драган Јаким

Што ќе прават денеска – Драган Јаким

Пак ќе се разбудам од 6 до 6.30 часот вообичаено.

Црно кафе, македонско, јако, за рассонување, вообичаено.

Подготовка за професионалните активности во училиштето ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“ – Куманово, подготовки за дневните активности за образование на идните машински техничари за моторни возила, прекрасни ученици кои ја избрале вистинската струка и кои во иднина ќе ги сервисираат нашите возила, подготвени да бидат продуктивни членови на нашето општество.

Luxury Catering Service

Контакти со идните учесници на: „Распеано детство“,  „Тумба Фест“,  „Денови на Балканска етно ризница“ – настани, кои по својата природа, се подготвуваат 365 дена во годината, оти само така се постигнува успех. Често контактите не се продуктивни согласно моите очекувања, некој не се јавува воопшто по неколку дена, а јас не сакам да ги притискам, сепак тоа се уметници со редица на свои обврски и вообичаено на располагање со неколку минути пред 12 часот, но некако сепак врви.

Во текот на денот редовно имам по неколку состаноци со фактори што се важни во организирање на настаните на здружението „Етно ризница“, изработка на проекти, изготвување на извештаи и други активности што утринава ги прочитав на мојот потсетник, ажурирани за да не сум јас оној кој ќе биде „кочница“ за предвидената динамика на случувањата.

По сите овие активности се прибирам во моето катче покрај компјутерот да ги забележам сите активности од денов и да си „зададам“ задачи за утре.

Динамичноста и навременото извршување на обврските што стојат пред мене ми се приоритет, истото го очекувам и од моите најнепосредни соработници, но, не секогаш е така, среќа па по природа сум стрплив оптимист и очекувам дека активностите нема да трпат.

По ручекот знам да се одморам, но секогаш подготвен за нови предизвици доколку е потребно.

Ме смирува погледот од мојот прозорец од каде се гледа скоро целиот град и со уште едно кафе, секако, црно, јако, македонско – времето ми поминува во размислување КАКО ПОНАТАМУ.

 

Драган Јаким