Марина Манојловска кумановчани ја знаат како жена со долгогодишна кариера како одделенски наставник, која во два мандата го водеше училиштето „Браќа Миладиновци“, кога како директор реализираше бројни проекти од домашни и меѓународни донатори, за подобрување на условите за работа на учениците и вработените. Ја знаат и како една од најдобри просветни работници за 2018/2019 година избрана од од Сојузот на просветни работници на Македонија. Ја знаат како педагог кој повеќе од три децении се бори за правата децата за подобро и среќно детство. Важи за принципиелна и од збор, која ги именува работите со вистинско име и презиме, не плашејќи се дека така изречениот збор може да ѝ наштети. Кога беше советник на СДСМ во Советот на Општината, ја памтат по ставот дека – ние сме Македонци сега и овде, на оваа место, и во оваа време. Поради сите ове нешта, одлучивме да ја прашаме која е нејзината лична Азбука.
А
азбуката е таа што ја обликува човековата цивилизација во сите сегменти,но и можност да се разбереме, толерираме, сакаме, по
Б
бос по трње е нашата живеачка веќе 30 години
В
воз, како Плавиот Титов, му недостига на светот
Г
горди, а поим немаат на што
Д
децата се мојот свет, и приватно и професионално
Ѓ
батко Ѓорѓија како инспирација на нашите политичари
Е
еж, има боцки и меко срце,ако се боцнеш сам си крив
Ж
жена создател на нов живот, но и стрес тест на секој маж
З
здрав живот кога ќе ги отстраниш идиотите околу тебе
S
sид којшто и со глава можеш да го пробиеш, под услов да е од картон
И
историјата е наука којашто денес ја живееме, а утре некој ќе ја раскажува, а како ќе живееме од нас зависи, не од науката
Ј
јабана е македонска судбина
К
книга, нешто без коешто не можам 50 години, ми го дефинира
изразувањето, мислењето и заспивањето
Л
Ладлам, писател којшто романите ги темели на 1% вистина и 99% фикција, без него секој одмор ми е промашување
Љ
љубовта е најубавото чувство коешто човекот може и треба да го доживее, раздвижува планини и мориња, облагородува и разубавува, сакајте се
М
мајка, мојата, твојата, јас, ти,
Н
надеж за подобро утре, за среќа, уште ме држи
Њ
њоките се закон за брз ручек кога си мрзлива
О
овен, мојот хороскопски знак: тврдоглава, упорна, лојална
П
политика или проституција е едно исто, актерските екипи познати и мега популарни
Р
расказ за Виетнам, мојата прва меѓународна награда во основно училиште и најдрага од многуте
С
сестра, најдрагоцен подарок од родителите и Бога
Т
телото се чисти однадвор, ама и одвнатре, хигиената е важна за да се разбере светот како поле за натпревар
Ќ
ќуп со злато којшто сите го бараме, некои со, а некои без
тендери, зависи од способности, образ и чест
У
успех да бидеш човек меѓу нечовеци
Ф
фантазија како можност и на овие години да го сочуваш детето во себе
Х
Хесе Херман, омилениот ми писател когошто би го препрочитала на овие години и со ова искуство
Ц
цреши од минималната кошничка на премиерот, а мои обетки од детството
Ч
чест и чесност како општествена вредност во изумирање
Џ
Џордан Мајкл, човекот којшто ми ја тестираше издржливоста на неспиење
Ш
шмек или Шрек разликата е во една буква како и за многу работи во животот