Раскрснице на кои се наваѓав млади, и општо ситуација у државу опишана у азбуку.
А
Алергична на неправде и лицемерие.
Б
Брисел ќе га видимо кд прво сопствен двор ќе си га исчистимо.
В
Види ги овија млади, само нешто се бунив!
Г
Генерацие што доваѓав испаштав од грешке на претходни!
Д
Д’нска нема да успееш ако не се согласуеш и климаш с’с главу дури и дека трава е розева.
Ѓ
Ѓубре не е само по улице.
Е
Егзодус на млади како најголем проблем у државу за кој никој ништо не презима.
Ж
Живот како ед’н голем театар с’с глумци.
З
Зголемени плате и пензие – како још едно у низу предизборни обеќања.
Ѕ
Ѕирнеш још колко паре ти останале на сметку при крај на месец и с’тмни ти се пред очи.
И
Избори за Претседатела и идни пратеници кои можев да идев само у крајност, или ќе се подобри ситуација како последња шанса, или ќе биде најлошо могуќе сценарио.
Ј
Још сте млади, има време к’д ќе дојде ваш ред!
К
Куманово како борбен и револуционеран град!
Л
Лични документи с’с Северну како најголемо понижување на македонски народ.
Љ
Љубав се слави само на Валентајн, после се свири иста песма.
М
Мајка ни е Македонија, а сви ми смо њојни деца.
Н
Национални интереси, а не партиски интереси!
Њ
Његова мајка е директорка, ќе му ги среди сви испити на факултет.
О
Окапеш чекајќи на шалтер док да се врати вработена што е “отишла до wc”.
П
Правда е темељ на едну државу, а не играчка.
Р
Радозналост како хоби на много људи.
С
Сигурна и стабилна иднина ни е потребна на сви млади, за да не гу кроимо судбину у туѓину.
Т
Трпи се до одреден степен, после се буди гнев.
Ќ
Ќути има и полошо…Ќе се навикнеш…Ќе биде.
У
Успешни и талентирани студенти су ни сваку годину на сезонску работу у Германију и Хрватску, затој што туј не можев да дојдев на ред од мамини и татини деца.
Ф
Фиктивни и предизборни програме за млади – само едно големо ништо.
Х
Храброст е нешто што ни фали колективно на сви против ов’ј хаос.
Ц
Цените га присуство и ангажман на млади, не га понижујте!
Ч
Чекај још си млада, ништо не разбираш – како најголем стереотип за млади.
Џ
Џебови на народ празни, док касе на функционери се пунив.
Ш
Ширите гу младинску енергију и борбен дух, не слушајте што ви зборив од страну. Нема да се навикнемо, има да се боримо!