Почетна Дневник на Магдалену К. Искључиво како што си сакамо

Искључиво како што си сакамо

Среда, 9 октомври

Цело Куманово е још под импресије од изведбу на кумановски театар, на претставу „Како што сакате“. Такој се затвара фестивал, такој играв на сцену домаќини, такој се режира!

Гужва у пиљару се ствара зашто неколко госпоѓе к’т видесва нема корен од целер за супу, почнасва да си правив муабет за сценографију и костимографију на претставу, а за тој богами треба повише време. Запазују дека банане су дупло поевтини од патлиџани и осеќам како у прв план доваѓа Шекспир, место жалење за скупо поврќе. Ете, толко му треба на ов’ј народ. Театарска претстава после коју ќе се замислив малко кои су, какви су, како судив за други около њима, дали стварно мора да осудуев и да имав „изградено“ мишљење б’ш за све.

Luxury Catering Service

На локални медиуми се даде сувопаран рапорт за тој кои су добитници на награде за овуј годину. Још едно традиционално сфаќање на кумановски мајтап и „преполната сала на Центарот за култура“. А оно, Срѓан Јаниќијевиќ, режисер на претставу, се надминаја себе у проницљивост за кастинг на ликови. Малко е секирација само како ќе гу играв надвор од Куманово, затој што никој нема да разбере за мед од Степанце, „пичкин цвет“, Тромеѓе и сви други „наши“ форе. Али, како што и кажа ед’н од главни ликови, Себастијан/Виола, одигран маестрално од Жарка Јовановиќа, не смо па ни ми израснале сас Шекспира, нити смо критичари јаки на Магбетовци и Хамлетовци. Ми смо вечито у с’н на некоју летњу ноќ. Озноени к’т се спомнев педери, лезбејке, курве, дебељаче, параспури, алкохоличари, голубари; посрамени ако гу доживимо критику уперену накуде нас. А не нè срам к’т сплеткаримо, праќамо полни органи по месинџер, снимамо видеа за да покажемо дека смо још потентни…и некомпетентни.

И увек такој, само по едно два-три д’на ќе нè држи еуфорија, зашто овој ни е едини фестивал и зашто кој знае к’т ќе биде реновиран театар. А, и никој нема муда да им каже на тија до себе: еееј, заќутите бре малко, имајте поштовање према овија брилијантни глумци, дома коментирајте колко е безобразно што на Малволиу му виси нешто од шљиц. Понекад мислу дека на нашу публику ву е поинтересно што Марко Трајковиќ носи штикле у претставу, него што Александра Пешевска изванредно глуми пијану жену, преправену у мушкарца. Али, све су тој табу теме за наши кумановци, нели?

Од пиљару, отиде у пекару. Продавачке се жалив како имале ненајавену инспекцију, па затој е гужва на касу. Ја га гледам леб од 76 денара и донасам инстант одлуку да едемо шпагете цел д’н. Позади мене слушам познат глас, газдарица на Камалу кучку ву објаснуе на едну девојку како на претставу имало покушај за фелацио, мушко на мушко, а плус и сцена како една дебела води човека како куче на ланац. Страшно Мацииии!

А, не е страшно што Камала лае по цел д’н, ооох ви политичко коректни стрејт граѓани што си правите како што си сакате, а едете гомна за сви кои не мислив како вас. Претстава беше за вас, прави буљаши. За инспектори што не ги затвориле овија што продавав леб како од чуму лек да е и за сви кои не ни разбрале кој е истински предмет на заебанцију овдека, и по текст на Шекспира и по режију на Срѓана и по стенд-ап на кумановски глумци. Како што си сакамо, такој ќе си тумачимо. Здравје, до следеќи „културан настан“. Суџуклијада, на пример.