Почетна АНАЛИЗИ ЗА СЀ СМЕ САМИТЕ КРИВИ

ЗА СЀ СМЕ САМИТЕ КРИВИ

Крвнички, брутално, среде бел ден претепана е 15-годишна гимназијалка вчера среде Скопје. Меѓуврсничкото насилство ни ги јаде децата додека ние се јадеме меѓу себе поделени по секој основ.
Фејсбук коментарот на Лепа Ѓоргиевска Јакимовска, заслужува внимание.

Отсуството на мајката од домот и од животот на нејзиното дете, особено во првите години од неговиот/нејзиниот живот, погрешните приоритети на мајката, изборот на афтери, наместо работа со детето, разговор, обична прошетка, или заедничко спортување е ова што денеска го гледаме по улици. Јас не знам што се чудите, и бетер ќе биде. Моловите се полни со изгубени жени со саати што акаат, само дома да не се…
Кога ќе сфатите дека детето и само детето е најважно, почеток и крај на денот и центарот на нашиот свет, наместо да слушам како партнерот бил поважен, или заедничките излагања или дека МОРА жената да има нејзино време (тоа се 5 саати секој ден) тогаш ќе се намалат штетните последици од отсуството на родителите.
Исто важи и за татковците. Сите чукнете главите. Се тепаат деца по улици, се м’кнат, се вреѓаат, полни се со гнев, зошто дома НЕМА кој да ги сослуша!
Полни кафани, молови, дискотеки, а празни домови… Нема разговор, нема енергија, се е низ призма на пара. Па, комплекси кај децата… Па гнев, несигурност… За сѐ сме самите криви. Болно и изместено општество со сосема погрешни приоритети.

Тажно. Многу тажно..

Luxury Catering Service

Лепа Ѓоргиевска Јакимовска,
Поранешен новинар