Приклучувајќи се на иницијативата за зголемена транспарентност на институциите, што Институтот за комуникациски студии ја спроведува во рамки на проектот „Користи факти“ – „Плоштад“ ви го претставува поткастот „Без контактно образование“. Бидете во контакт со реалноста и националните стратегии за наука и образование, барајте да се исполнуваат „нивните“ ветувања, за нашите деца, ученици и студенти, за иднината на сите нас. Лингвистот Аткинс и чика Брко ќе ви објаснат каде паѓа акцентот на членуваната именка -образованието-; ќе ве научат странски јазици преку серии; ќе слушнете и што се пее во студентските домови. Ако се грижите за тоа колку се образувани, а не школувани вашите деца, без сомнение и ќе споделите.
За да го погледате видеото, кликнете ТУКА