На градскиот плоштад, Царинската управа на Македонија го организираше првиот „Отворен ден со Царинската управа“ по повод 14 април – Денот на Царинската управа.
Присутните граѓани на настанот имаа можност да ги видат мобилните тимови, опремата и да слушнат за задачите кои се извршуваат 24 часа дневно. Пораката што беше испратена до граѓаните е дека Царинската управа е партнер на граѓаните и чесниот бизнис и дека има клучна улога во полнењето на буџетот.

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, истакна дека со вакви настани сака граѓаните да ги направи вистински партнери во царинската постапка и постепено да се менува начинот на размислување за Царинската управа.

Мислењето за Царинската управа мора да биде креирано врз основа на резултати – видливи и мерливи, врз основа на транспарентноста и професионалниот ангажман на царинските службеници. Само реално. Никако поинаку.
Разликата што ја прави актуелното раководство во однос на претходните години е лесно забележлива.
Бројките сами зборуваат. Еве само неколку:
Во 2025 година, Царинарница Скопје наплати 58,7 милијарди денари, што претставува раст од 11 % или 5,7 милијарди повеќе од 2024 година, со учество од 53 % во вкупниот увоз. Преку засилени контроли дополнително се наплатени 1,36 милијарди денари.
Во февруари 2026 година, Царинската управа бележи раст на наплатата од 7,7 % во однос на истиот месец лани, што претставува 12,66 милиони евра повеќе во буџетот.
По проблематичниот месец јануари, со помал број работни денови и блокади, трендот е стабилизиран.
Кумулативно, јануари и февруари 2026 година се веќе во позитивна зона, споредено со 2025 година.
Резултатите се мерливи и јасни, а мислењето за Царинската управа треба да се гради врз нив.
Тоа беше клучната порака од директорот Бобан Николовски од денешниот настан на градскиот плоштад во Куманово.
Р.П.

