Царинската управа на Македонија ги повикува граѓаните на Куманово, утре од 10 до 13 часот, да се придружат на „Отворен ден со Царинската управа“ на градскиот плоштад, по повод одбележување на 14 Април – Денот на Царинската управа.
Директорот на Царинската управа на Македонија Бобан Николовски со објава на социјалните мрежи ги повика граѓаните на Куманово и истакна дека за него е многу важно Царината да ја приближи до помладите, оние кои се нашата иднина, да ја погледнат одблизу, да се запознаат со дел од работа на луѓето што секојдневно ја штитат државата. Посететилите ќе имаат можност да ги видат мобилните тимови, царинските кучиња и опремата што ја користат.
Ве очекувам, да се запознаеме, разговараме и заеднички да ја градиме довербата, напиша во својота покана за утрешниот настан директорот Бобан Николовски.
Р.П


