Почетна МЕГАФОН ЗНАМ тачно к’д е детиња работа!

ЗНАМ тачно к’д е детиња работа!

Ценето пучанство!

Ја ЗНАМ дека ви знаете дека овој што ќе ви кажу е јасно како бел д’н. Арно ама на некои деца не им јасно. ЗНАМ дека знаете дека у нашу земју има неколко игротеке. Две малко постари и една понова.

За туј нову ми е муабет.

Туј игротеку гу отвори тато Бранко. За почетак у Куманово. Обезбеди услови деца да се играв. К’д дојде време, игротеке почна да отвара и у други градови. Там’н у право време пред такмичење с’с други игротеке.

Luxury Catering Service

И супер беше к’д стигнава резултати, пучанство гу добро оцени нову игротеку. Али, не лези враже, почнава деца да се карав около играчке зашто немаше довољно за сви деца. Плус, една од тија постари игротеке ги собра најубави. И такој, од тија најубави, на тату Бранка му бесва останале само две играчке.

И он, оп, тија две најубави си ги даде на свои најомилени деца. Едно крупно с’с наочаре и едно такво, црномањасто. Знае тате да си ги чува деца што си ги највише сака.

И с’га проблеми у игротеку. ЗНАМ дека е чудно, ама деца се бунив. Не им е јасно кој ги одредуе правила у игротеку. Што да ви кажу. Детиња работа.

ЗНАМ, тешко е с’с деца. И обична играчка може да биде плачка.

Р.П.